Спенсер, а зошто мора по секоја цена да биде голф?
Па не можам да си дозволам БМВ какво што сакам..

И гледам да биде од оваа или помала класа, француски не сакам, едино може леон да упадне во конкуренција.
Треба малку да се информираш за колите и да знаеш што вреди во моментот, за што вреди да се почека и слично. Според мене:
Сега во моментов вредат:
Мондео тдци, од 2008ма модел, фејслифтот 2011та е топ.
Пасат Б6 1.9 тди врвот моментално, ама моделски е 2004та.
Туран 1.9 тди 2008-2009та.
Exeo 2.0 Тди исто многу добро ауди А4 е ова, дури и поудобно од А4.
Пасат ЦЦ 2.0 тди 2008ма.
Фиеста тдци, не е лош избор.
Мечка ц класа, w204 cdi, убавиот не ова сега циркузново. 2008ма и нагоре. Поскапо и позбутано.
Ибица 2.0 тди, исто многу убава комбинација на кола и мотор. Не е сјајна внатре, ама вреди.
Вреди да се почека за:
Пасат б7 2.0тди, ова според мене е врвот.
Голф 7 тди, ова ќе е врвно набрзо во 2017 кога ќе искочи фејслифтот.
П.С. Во твојот случај би одел на Голф 7, ако можеш да се мењаш со татко ти со Пасатот за на одмори да идеш.
Ти фино кажуваш, ама пола од тие горенаведените се лимузини. Јас знам каква лимузина сакам, ама немам кеш за неа.

Гољф 7 2.0... многу пари е тоа, скоро пола стан у центар на Скопје.
Дени ја со друштво со косилицата бев две години у црна гора.. одморот не ми е проблем.