Unfallfrei Луки ме интересира зошто на повеќето огласи воа го пишува а не се заприметува многу на колите да речеш да биле удрени или крпени, дали воа им значи секоја несреќа заведена од страна на осигурителната некоја ситна на пример гребење браник и слично?
Најчесто гребаници на браник, камчиња, ово оно ги поправаат со т.н. smart repair. Тоа не се смета за несреќа, и соодветно за него нема потреба од тиф инспекција после поправка.
Ако колата е прописно ѕвекната, после поправка мора да оди на технички за да се провери геометрија на шасија, подвозје, дали деловите кои се ставени/поправени се за тоа возило, итн. и ако се е во ред, тогаш можеш да си ја возиш. Е таква работа се запишува во документите. Плус, повеќето Германци се поштени и за таква работа не лажат.