4 ноември 2005год. вечерта седи комшика на гости и им кажува на моите за колку пари требале за погреб пошто татко и и беше починат тазе а 5 ноември беше задушница. И јас се смеам и на излегување во град им викам што ако умрам а утре немате пари што тогаш и мајка ми ме избрка со нервоза и да не сум јадел такви гомна. Вечерта во 1 им звонат од полиција да дојдат во болница, јас со тешки телесни повреди итн, 2 недели бев во болница и два месеца дома како робот бев.... Од тогаш не смее да се јадат такви лајна а верувам и во ова со човеков со сеичентово.
Во сите сообракајќи што ни се случиле мене и на татко ми (дали како возач или совозач), пред сите се правело муабет за продавање на колата.
- Одиме на скијање, имав трка. Зборуваме за продавање на колата, 4 кривини потаму, плес. Набиеници кај двајцата.
- Астрата од татко ми...вечерта правиме муабет за менување старо за ново, другиот ден, плес. Остана човекот една година во болница.
- Првото пунто што го имав (Пунто МК2), во кола правам муабет за продавање, плес. Една недела ме болеше главата.
И така натаму