Јас реков, никој овде од кеиф не станал суеверен. Некој маката го натерала лично, на некој на близок му се случило итн итн ... Не секогаш сите ситуации можат да се квантифицираат и да се најде логичен заклучок.
Разликата е што јас не постирам слики од facepalm на таков муабет иако до сега на мене лично нешто такво не ми се случило. Овде не се прави муабет за „препрати ја сликата на 5 луѓе ....“. Јас не се смеам на такви работи. Животот е долг и да не дае Господ некој од вас да треба да го тестира.
Јас имам сфаќања за атеисти и слични мислења кон некои навики на луѓето. Но немам разбирање кој некој мисли дека „неговото“ е правилното и си дозволува да ја напаѓа. Претерано се толерира овде заебанции на сметка на религија (конкретно не во оваа тема, обично во комедија, слики ..). Треба да се има почит и за „другата“ страна. Но, по се изгледа истата доаѓа со созревањето а за жал некои луѓе никогаш не созреваат и остануваат во „својот“ свет.