Не е дека не сакам Рено. Односно, не сакам Рено 4. Не можам да ја поднесам колата, не знам зашто.
Види, дали се мои приказни или не, тоа на страна. Генерално пренесувам мое субјективно мислење. Кога нешто ми се свиѓа како изгледа, кажувам. Кога нешто не ми се свиѓа, и за тоа кажувам. Конкретно, задниот дел на сите тие квази-кабриолет-хечбеци изгледа предолг. Да не праиме муабет дека шофершајбната е превисока со цел малку да се скрати кровот, итн.
Новото Клио рецимо многу ми се свиѓа. Старото Клио многу ми се свиѓаше пред
да му влезат со секира фејслифтот. Меганот со последниот фејслифт ептен го дотераа - баш пред некој ден го гледав во салон.
Еве, субјективно мислење - ова е страшно ружна задница:

Ова.. Леле мајко:
