Да се надоврзам на муабетот за домашни vs. странски километри.
Поседувам возило на кое сум трет газда, купено во Македонија пред 18 години. Моментално има 132.000 километри, реални до децимала. Со задоволство би го заменил за исто возило со 132.000 км од Германија на пример. Одма, без око да ми трепне.
Маршутата која се вози најчесто со возилото изгледа вака: палење во рани утрински часови, 30 секунди работа во место за да се крене уље од картер, возење 2 километри, гасење. Пауза од 8 саати, палење, 30 секунди работа, 2 километри до дома и гасење. И така веќе 3 и пол години.
Ако може, одма да ја сменам за иста кола со слична километража, па пак бранете ги колите купени во Македонија. Плус, знаејќи ги импортерите наши и колку материјал фали во "нашите" коли во споредба со странските, знам од каде е подобро да се купи возило.
@Darth, од усисивачот ти е.
