Не знам Филип, твое е кого ќе слушаш. Малолитражен Мерцедес мотор возен огромна километража на плин за мене е рецепт за катастрофа. Особено упикан во тоа дупчето што некои го нарекуваат engine bay.
Се заебавме во моја фамилија со А Класа, баратучетка ми купуваше кола и јас бев тој кој го даде последниот збор да се купи колата. И ден денес жалам што кажав "да ја земеме колава".
Искрено се надевам дека грешам, и членот Goran е во право, но мислам дека не грешам.
Имено, ја зедовме колата, сменивме се од течности, се од филтри и ремен, и се случуваше претходен ден да виде се во ред, наредниот ден или да не пали, или да се блокирало тркало преку ноќ, откажуваа моторчиња за брисачи и после 2 дена сами се поправаа и така натаму.
Јас не би советувал никому да си ја тестира среќата со таа кола.
Наместо тоа, преложи и на сопругата Нисан Микра, Фиат Панда 1.3 МJet, Fusion/Fiesta, или пак пушти срце и купи и А2, која на бројни истражувања е прогласена како најиздржливото возило од своја генерација. А и изгледа интересно, пространо е, и компактно, па и да не е толку добар возач, нема да има проблеми.