Проблем кај нас е што нема каде да го возиш чудово. Конкретно за Скопје, па и цела Македонија, преполна е со луѓе, сега со safe city нема каде да го „изрикаш“.
Ова да го уживаш треба да станеш во 4.30 сабајле во 5 да излезеш и да го сјачаш до средно Водно.
На други места или е гужва, или не чини асфалт - цел асфалт е бранови, дупки, ...
Кога ја шетам околината на Скопје, буквално немам никаде најдено добра делница да се испукаш со вакво возило. Дали сакаш на СЦГ, дали сакаш накај Куманово, дали накај Св.Николе, дали накај Тетово, дали преку Водно.
Едино што можда е добро накај Козјак (до исклучувањето за Козјак) кај каменоломот тука. Таа делница уште се трпи.
Вака нешто да имаш едносмерно и да го видиш меракот.
Козјак е одличен патот за возење до последниот километар пред старо Аурора/Гризли, таму ги закрпија дупките што значи може да стигнеш до горе кога веќе си таму. Пред да ми се заебе коленото секој викенд одев нагоре со М2ката, често се збиравме и друштво 3-4 коли.
До средно Водно скрос нов асфалт - продолжуваш накај Пантелејмон, назад долу до Скопје преку Нерези. Одиш рано сабајле накај 6 кога нема никој, или сред работен ден.
Накај косовска граница знае да е интересен, нема спори кривини ама има интересни брзички S-ови.
Скопска Црна Гора, не ме фаќај за збор, јас не сум бил, ама до Бродец ми кажаа дека има нов асфалт. Тесничко е ама ако одиш рано сабајле кога нема никој било одлично, неколку hairpins и преубава природа.
Надвор од Скопје ако излезеш имаш уште повеќе:
Маврово - Дебар - Струга предобар и преубав за возење.
Од Кочани до Пониква патот е преинтересен за возење со одличен асфалт.
До Делчево кога бев исто, убав асфалт, преубава природа и одлични кривинчиња. Само делот кај Македонска Каменица е прилично стрмен и не е баш интересен

Криволак е исто убаво за возење, како и Куманово - Свети Николе.
Сите овие со исклучок накај СЦГ сум ги возел со М2ката без проблем, Клиово мака нема да има никаде. А да, и никој од овие нема Сејф Сити.
