Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5573667 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30833
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30030 на: 04 Септември 2026, 12:59:20 pm »
За мини-гаража не, немам ни простор ни време за повеќе коли. Една екстра, може. Ми се јавува желба за нешто мало и забавно (и релативно евтинко). Ќе видиме, може ќе биде нешто.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15323
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30031 на: 04 Септември 2026, 13:27:36 pm »
Проблем кај нас е што нема каде да го возиш чудово. Конкретно за Скопје, па и цела Македонија, преполна е со луѓе, сега со safe city нема каде да го „изрикаш“.

Ова да го уживаш треба да станеш во 4.30 сабајле во 5 да излезеш и да го сјачаш до средно Водно.

На други места или е гужва, или не чини асфалт - цел асфалт е бранови, дупки, ...

Кога ја шетам околината на Скопје, буквално немам никаде најдено добра делница да се испукаш со вакво возило. Дали сакаш на СЦГ, дали сакаш накај Куманово, дали накај Св.Николе, дали накај Тетово, дали преку Водно.

Едино што можда е добро накај Козјак (до исклучувањето за Козјак) кај каменоломот тука. Таа делница уште се трпи.

Вака нешто да имаш едносмерно и да го видиш меракот.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4198
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30032 на: 04 Септември 2026, 13:53:51 pm »
За мини-гаража не, немам ни простор ни време за повеќе коли. Една екстра, може. Ми се јавува желба за нешто мало и забавно (и релативно евтинко). Ќе видиме, може ќе биде нешто.

Со тој ум на крај завршив со Добло :D :D Додуше обратна беше насоката ама од PickUp truck ..... Така да внимателно со желбите и реализацијата.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30033 на: 04 Септември 2026, 14:22:02 pm »
Проблем кај нас е што нема каде да го возиш чудово. Конкретно за Скопје, па и цела Македонија, преполна е со луѓе, сега со safe city нема каде да го „изрикаш“.

Ова да го уживаш треба да станеш во 4.30 сабајле во 5 да излезеш и да го сјачаш до средно Водно.

На други места или е гужва, или не чини асфалт - цел асфалт е бранови, дупки, ...

Кога ја шетам околината на Скопје, буквално немам никаде најдено добра делница да се испукаш со вакво возило. Дали сакаш на СЦГ, дали сакаш накај Куманово, дали накај Св.Николе, дали накај Тетово, дали преку Водно.

Едино што можда е добро накај Козјак (до исклучувањето за Козјак) кај каменоломот тука. Таа делница уште се трпи.

Вака нешто да имаш едносмерно и да го видиш меракот.

Козјак е одличен патот за возење до последниот километар пред старо Аурора/Гризли, таму ги закрпија дупките што значи може да стигнеш до горе кога веќе си таму. Пред да ми се заебе коленото секој викенд одев нагоре со М2ката, често се збиравме и друштво 3-4 коли.

До средно Водно скрос нов асфалт - продолжуваш накај Пантелејмон, назад долу до Скопје преку Нерези. Одиш рано сабајле накај 6 кога нема никој, или сред работен ден.

Накај косовска граница знае да е интересен, нема спори кривини ама има интересни брзички S-ови.

Скопска Црна Гора, не ме фаќај за збор, јас не сум бил, ама до Бродец ми кажаа дека има нов асфалт. Тесничко е ама ако одиш рано сабајле кога нема никој било одлично, неколку hairpins и преубава природа.

Надвор од Скопје ако излезеш имаш уште повеќе:

Маврово - Дебар - Струга предобар и преубав за возење.

Од Кочани до Пониква патот е преинтересен за возење со одличен асфалт.

До Делчево кога бев исто, убав асфалт, преубава природа и одлични кривинчиња. Само делот кај Македонска Каменица е прилично стрмен и не е баш интересен  ;D

Криволак е исто убаво за возење, како и Куманово - Свети Николе.

Сите овие со исклучок накај СЦГ сум ги возел со М2ката без проблем, Клиово мака нема да има никаде. А да, и никој од овие нема Сејф Сити. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15323
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30034 на: 04 Септември 2026, 15:10:08 pm »
Последно кога одев накај Козјак кратери беше патот после исклучувањето :) Ќе се проба

Средно Водно мора ептен рано кај 4-5 оти има будали што се пентерат по планината као hello-body-hello-ghost филм, така што ќе го качиш некој на хауба особено делот од Средно накај Пантелејмон.

Бродец не сум се качил, ама на другите места сум возел. Тесни се патчињата, ако случајно ти дојде кола од другата страна, зафркнато е.

Раштак патот е интересен исто, ама пак ќе кажам тесно е малку, мада Клиово би се снашло.

Е сеа, за Маврово - Дебар да, тој дел е убав за возење, дури е убаво се до Струга.

Кочани - Пониква, да и тој е интересен. Нели едно време и трки се правеа таму.

Другиве патишта особено накај Делчево, не знам, добар е патот ама има доста гужва. Возат камиони овој дел од патот така што - не знам.

Криволак не сум бил.

Куманово - Свети Никаде не знам како е со гужва, ама ми го кажувале и да треба да се проба таа делница.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30035 на: 04 Септември 2026, 15:56:53 pm »
3-4 пати сум возел Куманово - Св Николе, за викенд секако, коли има минимално скоро ич, а и има правци кај што можеш да претицаш комотно. Не е тесен воопшто, има 2 убави ленти. Од Св Николе, до Велес преку Сарамзалино во пролет е исто преубава природата, и имаше нов асфалт тој дел но последно лани ко бевме за жал веќе беше почнат да пука.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7904
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30036 на: 04 Септември 2026, 16:14:18 pm »
Многу ме бендисува патот кон Прохор Пчински, особено кога е празен. Треба само пазење на трактори. Благи кривини, убав асфалт.


Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30037 на: 04 Септември 2026, 18:05:50 pm »
И тешки камиони со дрва
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30038 на: 04 Септември 2026, 21:17:44 pm »
3-4 пати сум возел Куманово - Св Николе, за викенд секако, коли има минимално скоро ич, а и има правци кај што можеш да претицаш комотно. Не е тесен воопшто, има 2 убави ленти. Од Св Николе, до Велес преку Сарамзалино во пролет е исто преубава природата, и имаше нов асфалт тој дел но последно лани ко бевме за жал веќе беше почнат да пука.
Сеуште е добар патот Св. Николе-Куманово. Пред некој ден го возев. Баш за вакво мало осиче.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30039 на: 04 Септември 2026, 23:13:04 pm »

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30040 на: 05 Септември 2026, 10:43:29 am »
21500 ѝ бара а на Trackmax гуми е? Ова за во трагикомични е

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7029
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30041 на: 05 Септември 2026, 10:50:01 am »
За таблица и курч се има пари  8)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30042 на: 05 Септември 2026, 11:59:58 am »
Иначе во Renault Espace mk1 го има фабрички истиот мотор :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30043 на: 05 Септември 2026, 13:14:18 pm »
За мини-гаража не, немам ни простор ни време за повеќе коли. Една екстра, може. Ми се јавува желба за нешто мало и забавно (и релативно евтинко). Ќе видиме, може ќе биде нешто.
Реално и јас сум слаб со простор, а размислвам за некое Abarth, сега кога ја чита, темава па зашто да не и Cabrio.
Тие малите коли ми биле секогаш за уживање

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 163
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30044 на: 05 Септември 2026, 20:07:29 pm »
21500 ѝ бара а на Trackmax гуми е? Ова за во трагикомични е

Тоа е за повеќе поени за дрифтање да собереш како на нитфорспид андерграунд :)