Се сложувам со тебе, јас постојано зборувам дека авто-плацевите се една голема шема. Бев и со близок човек во Паланка, и не е само таму тоа е чист бизнис донесен од горе, се прикрпуваат, препродаваат и сè оди во круг. Многу луѓе се изгорени од тоа. Лизинг, лицитации, аукции, филмови, продавања… Сè имам доставено тука и знам од каде ги купуваат. Секоја кола има некакво оштетување — било каросериски, ентериерно, а да не збориме моторно затоа од италија и ги продаваат од таму ги донесуваат имаат помалку давачки него ли од немачка
Знам човек кој заврши на суд за џип од 35.000 евра – дизните му отидоа, дефект околу 3–4 илјади евра, а истиот тој џип сега е во Битола купен од аутоплац од паланка па му претеше да не пишува за проблемот или јавно коментира на нивните платени страни. Не споменувам имиња, немам фајде од тоа – само пробувам да заштитам луѓе да не се горат. Оваа година посетив доста авто-плацеви со пријатели и видов што се прави.
Разбирам што збориш, и добро е што народот конечно преломува и купува нови азиски коли, бидејќи друго спас нема од овие превари. Има и чесни луѓе кои се први сопственици и си ги одржуваат возилата, но тие се ретки. Јас сум среќен што не морам да барам половно – и јас сум се горел не да не и сум рекол половно не ако треба кинез мг за 16илјади евра ама нов да е од кал да е ново да е.
Кога продавам кола, јас сум прв газда и кажувам сè за возилото, бидејќи од моментот кога ја изнесеш колата – таа е твоја одговорност. Добри коли ретко завршуваат на огласи, тоа е мое мислење. Никогаш не сум имал проблем да ја продам колата брзо, иако сум прв сопственик – не барам преку леб погача, ниту поклонувам, едноставно ја давам за реална цена. Нема фајде да ми стои по огласи а тој дали ке ја препродава или ке печали не ме интерсира важно платил-пиено платено.
Поздрав, друже, секое добро! Јас сега чекам акција за Volvo, не давам 40.000 за XC40 – не вреди толку. Моето е последно: ако сакаат 33, ќе дадам и ќе го купам, повеќе не.