Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4761160 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4009
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29475 на: 07 Октомври 2025, 14:31:39 pm »
90% од колите по огласи се со околу 200к Км, дали три години стари или 15 години стари.

И сите се сервисирани пред 500 км без денар влог

И без грам и кит на нив, од прв сопственик купени. Најчесто и со нотарска гаранција на километри :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3126
  • Слобода или смрт
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29476 на: 07 Октомври 2025, 14:33:58 pm »
И поефтини отколку да отидете и сами да ја донесете. Јас стварно више не знам што повеќе сакате од ова?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6996
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29477 на: 07 Октомври 2025, 14:41:21 pm »
по моментален курс од нбрм да ја платиме, а не 62ден, тоа сакаме.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4009
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29478 на: 07 Октомври 2025, 14:52:17 pm »
Никако не ни се погодува, многу лош народ сме.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3392
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29479 на: 07 Октомври 2025, 15:30:56 pm »
Не Саше, не сме лош народ. Повеќето сме напатен народ – чесен, поштено и крваво спечален денар, и знаеме да го цениме каде ќе отиде. Не дa го  стрижеш ко влав :D  пак ќе кажам – мало место сме, мал пазар, и тешко е да се функционира со бизниси, особено во средина каде што прогресот едвај мрда некако. Ако нешто човек плати ново, односно купувачот на сè се сложува и прифаќа, но кога ќе се појави некаков проблем – одговорните бегаат од одговорност и патот е макотрпен и тежок до правото кое ти го дал или ти гаранција испаѓа дека само на фб реклама и да слушнеш тоа што сакаш да слушнеш пред да купиш.

А курсот со денар-евро – еве, ти водиш приватен бизнис, кажи дали сум јас во грешка? По тоа прашање – зошто 62, кога не е среден курс на евро во Македонија последни 20 години фиксен е, горе-долу 61,5. Ако треба, ќе приложам официјален документ. Зошто тогаш во Тојота Македонија, Сузуки, М-Кар и така натаму е 62, кога не е под ниту една допирана точка? Пари се – не е тоа некаков гратис. Во бизнис нема емоција.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4009
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29480 на: 07 Октомври 2025, 18:09:08 pm »
Немам коментар за курсот, секој со неговото мислење околу финансиите од сопствениот џеб.

Коментарот ми беше дека не ги цениме доволно прекрасните коли од трговците кој што се совршени и се по цени пониски од реалните. Некој ни прави добро а ние не го цениме тоа. (Во случајов трговците на возила од Крива Паланка и слични места). Секој сака да купи кола по цена која што му одговара, е сега кој има точка со реалноста знае дека ако нешто е премногу добро за да е вистина, дека често има некоја цака.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3392
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29481 на: 07 Октомври 2025, 18:28:44 pm »
Се сложувам со тебе, јас постојано зборувам дека авто-плацевите се една голема шема. Бев и со близок човек во Паланка, и не е само таму тоа е чист бизнис донесен од горе, се прикрпуваат, препродаваат и сè оди во круг. Многу луѓе се изгорени од тоа. Лизинг, лицитации, аукции, филмови, продавања… Сè имам доставено  тука и знам од каде ги купуваат. Секоја кола има некакво оштетување — било каросериски, ентериерно, а да не збориме моторно затоа од италија и ги продаваат од таму ги донесуваат имаат помалку давачки него ли од немачка

Знам човек кој заврши на суд за џип од 35.000 евра – дизните му отидоа, дефект околу 3–4 илјади евра, а истиот тој џип сега е во Битола купен од аутоплац од паланка па му претеше да не пишува за проблемот или јавно коментира на нивните платени страни. Не споменувам имиња, немам фајде од тоа – само пробувам да заштитам луѓе да не се горат. Оваа година посетив доста авто-плацеви со пријатели и видов што се прави.

Разбирам што збориш, и добро е што народот конечно преломува и купува нови азиски коли, бидејќи друго спас нема од овие превари. Има и чесни луѓе кои се први сопственици и си ги одржуваат возилата, но тие се ретки. Јас сум среќен што не морам да барам половно – и јас сум се горел не да не и сум рекол половно не ако треба кинез мг за 16илјади евра ама нов да е од кал да е ново да е.

Кога продавам кола, јас сум прв газда и кажувам сè за возилото, бидејќи од моментот кога ја изнесеш колата – таа е твоја одговорност. Добри коли ретко завршуваат на огласи, тоа е мое мислење. Никогаш не сум имал проблем да ја продам колата брзо, иако сум прв сопственик – не барам преку леб погача, ниту поклонувам, едноставно ја давам за реална цена. Нема фајде да ми стои по огласи а тој дали ке ја препродава или ке печали не ме интерсира важно платил-пиено платено.

Поздрав, друже, секое добро! Јас сега чекам акција за Volvo, не давам 40.000 за XC40 – не вреди толку. Моето е последно: ако сакаат 33, ќе дадам и ќе го купам, повеќе не.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11844
  • Архитект
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29482 на: 13 Октомври 2025, 09:28:07 am »
Здраво на сите. Нов сум на форумов и сакам да ве прашам за ваше мислење. Буџетот ми е помеѓу 16 000-19 000 евра. Доста гледав половни и нови коли и се мислам помеѓу Пежо 3008 2019 и Рено Талисман 2019. Знам дека не се споредуваат како коли. Ме интересира ваше искуство и мислење со истите. Ме загрижува ланчето 7 мм на Пежото, и доста кварови што читам по форумиве.
Ентериерот на рено ми е несварлив.

3008 добро опремен има добри седишта.
Јас би 3008, и исклучиво 2.0хди.

Се одлучив за 3008-ца, чекам да видам во Швајцарија преку човек дали ќе најде и колку би ме чинела царината и сите давачки. Иначе и јас би идел со 2.0 ама сите де 1.5 или поретко 1.6. Малку ме загрижува и ланчето до 2023 е 7мм, и доста поплаки има а промена е 1500 е.

Признаен е дефектот од страна на Пежо и во моментот има recall за 1.5 моторите. Заради голема гужва кај нас се чекало по 3-4 месеци за сервис.
Ама како и да е, ќе ти го сменат без пари.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1115
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29483 на: 13 Октомври 2025, 10:02:11 am »
Здраво на сите. Нов сум на форумов и сакам да ве прашам за ваше мислење. Буџетот ми е помеѓу 16 000-19 000 евра. Доста гледав половни и нови коли и се мислам помеѓу Пежо 3008 2019 и Рено Талисман 2019. Знам дека не се споредуваат како коли. Ме интересира ваше искуство и мислење со истите. Ме загрижува ланчето 7 мм на Пежото, и доста кварови што читам по форумиве.
Ентериерот на рено ми е несварлив.

3008 добро опремен има добри седишта.
Јас би 3008, и исклучиво 2.0хди.

Се одлучив за 3008-ца, чекам да видам во Швајцарија преку човек дали ќе најде и колку би ме чинела царината и сите давачки. Иначе и јас би идел со 2.0 ама сите де 1.5 или поретко 1.6. Малку ме загрижува и ланчето до 2023 е 7мм, и доста поплаки има а промена е 1500 е.

Признаен е дефектот од страна на Пежо и во моментот има recall за 1.5 моторите. Заради голема гужва кај нас се чекало по 3-4 месеци за сервис.
Ама како и да е, ќе ти го сменат без пари.

И ако се увезе половна кола признаваат и ке го сменат ?

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 143
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29484 на: 13 Октомври 2025, 11:22:53 am »
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5509462

Освен примамливата километража, другиот интересен (како насловот на темава) момент е што овој господин си напраил натстрешница на тротоар :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14879
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29485 на: 13 Октомври 2025, 11:56:14 am »
Сигурно и со комшијата се во спор за место.Еднуот е навлезен во парцелата на другиот,пошо Македончето не го собира во неговото место.🤣
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11844
  • Архитект
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29486 на: 13 Октомври 2025, 12:48:42 pm »
Здраво на сите. Нов сум на форумов и сакам да ве прашам за ваше мислење. Буџетот ми е помеѓу 16 000-19 000 евра. Доста гледав половни и нови коли и се мислам помеѓу Пежо 3008 2019 и Рено Талисман 2019. Знам дека не се споредуваат како коли. Ме интересира ваше искуство и мислење со истите. Ме загрижува ланчето 7 мм на Пежото, и доста кварови што читам по форумиве.
Ентериерот на рено ми е несварлив.

3008 добро опремен има добри седишта.
Јас би 3008, и исклучиво 2.0хди.

Се одлучив за 3008-ца, чекам да видам во Швајцарија преку човек дали ќе најде и колку би ме чинела царината и сите давачки. Иначе и јас би идел со 2.0 ама сите де 1.5 или поретко 1.6. Малку ме загрижува и ланчето до 2023 е 7мм, и доста поплаки има а промена е 1500 е.

Признаен е дефектот од страна на Пежо и во моментот има recall за 1.5 моторите. Заради голема гужва кај нас се чекало по 3-4 месеци за сервис.
Ама како и да е, ќе ти го сменат без пари.

И ако се увезе половна кола признаваат и ке го сменат ?
Да. Познаник купи увезена кола од омо и во пежо му го сменаа без пари ланецот.

https://www.media.stellantis.com/uk-en/peugeot/press/stellantis-extends-special-coverage-for-1-5-bluehdi-engines-to-10-years-or-150-000-miles-and-introduces-retroactive-reimbursement-for-previous-issues-for-european-consumers

https://www.peugeot.co.uk/owners/customer-support-1-5-blue-hdi-diesel-engines.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30266
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29487 на: 13 Октомври 2025, 18:09:47 pm »
Ако некој сака Leon 2.0 TDI FR 170.

https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/seat/rs5/prodazba/skopje/aerodrom/seat-leon-fr-2-0-tdi-170ks-2010/8078358

Колата е на другар.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 359
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29488 на: 13 Октомври 2025, 19:37:01 pm »
Ако некој сака Leon 2.0 TDI FR 170.

https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/seat/rs5/prodazba/skopje/aerodrom/seat-leon-fr-2-0-tdi-170ks-2010/8078358

Колата е на другар.
Da ne ima 2,3 kila zlato u bagaznik spored cenata?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30266
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29489 на: 13 Октомври 2025, 19:42:58 pm »
Не дискутирам цена, негова работа. Само пренесувам оглас, бидејќи знам дека е стварно добра колата.