Не треба да има забрана за увоз на било какви коли. Треба само да ги репаш по загадување на секој годишен технички. И на влезни давачки. Еве, убаво им е ова со плаќањето еко такса при увоз, CO2 што лупаат. Ама нека ги проверат сите дизели што од еуро 4/5/6 се напраени еуро 2, а се „легално“ увезени.
Ја не можам Busso да купам, морам тука да го преплаќам кај нас. Или некој мераклија не може да си купи M3 CSL, или Merc 190E 2.5-16 Evo II или некое такво аутенце. Не е проблемот, може да купи нова 3-ка за 200.000е, ќе плати и за такво легендарно, дури и спремен е да плаќа 1000е регистрација годишна регистрација за такво, ама не може да го увезе легално.
Ете, направи 1000-1500е регистрација годишно за такви аута, да видиме дали ќе ги увезуваат на кило ко старо железо, ко сега што ги увезуваат кантите со еуро 4/5, а со пола миљонче - дизел локомотиви, без ни еден здрав еколошки уред на нив.