Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4186509 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 293
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28695 на: 03 Јануари 2025, 20:41:40 pm »
Кој е економист знае. Кој не нека прочита за lemon theory или lemon problem. Ова се изучува како економски феномен и се однесува на половни возила во лоша состојба т.н. "lemons" и како тие ја уриваат цената на добрите автомобили на пазарот. Не велам дека некој треба преку леб да бара погача, ама пак некогаш и купувачите се однесуваат како да ако тој нема да го купи, продавачот од глад ќе умре. Еве јас имам едно старо Поло кое си го чувам и порано кога ќе ме прашаат дали го продавам секогаш велев дека не, од причина што ако речев да, прво што ќе го слушнев е "да ти дадам 1200-1500 евра, да го земам", а Полото постегнато од пола коли во Скопје, сменета цела предница, цела амортизација, гуми од 400 евра, редовно скапо масло со скапи филтри, нов во тоа време акумулатор од скоро 7.000. Ама толку оделе на пазарот како кило банани да купуваш. Некој купува кола и ја гледа како потрошен дел, друг што е фанатик за коли ја гледа како член на фамилијата. Главната поента ми е иста. Половно возило треба да се цени возило што се продава, не да се гледа колку идат слични возила или пак возила од иста класа.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28696 на: 03 Јануари 2025, 21:40:06 pm »
Многу е битно и нешто друго, а тоа е дека што правиш тоа и ќе те снајде. Најчесто тие што продаваат неисправна кола (или било што друго неисправно), се вртат у кругови на луѓе кои се исти ков ко нив. Односно гледаат нон стоп да заебат некого и после од некоја страна им се враќа.

Така да многу е важно и да не бидеш идиот. Ако има нешто што сумљаш дека не е исправно, посочи му на купецот да има предвид. Не мисли дека си го заебал, зошто па од некоја страна ќе го изедеш на крај.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5992
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28697 на: 03 Јануари 2025, 21:44:02 pm »
Не се цени и до некаде е оправдано. Минатата сабота ме запре човек на бензинска упорен да ја купел астрата (препродавач на коли). Му кажав дека не се продава и покрај тоа човекот беше упорен но во негативна смисла (ја паркира колата иако го чекаа работниците во кола и дојде да дискутира, односно омаловажува). Имал астра 2000та година бензин плин со клима и рекаро седишта никогаш фарбана (читај фарбана лошо и полирана со изгорен лак од аматер) и не ја давал испод 2200, а мојата не вредела ништо. Откако виде дека тие муабети не палат кај мене почна да ми нуди други возила (Цитроен Ц4 со две врати 2006та за околу 2000 евра) и слично, едноставно не можев да го откачам 20 минути, а сите муабети му беа тапа - како неговите коли се најдобри, делови земал од Германија (не ја видел со голо око), давал гаранција за мотор на нотар, на мојата кола ни гумите ни три пара бандажи не му требале ако ја купувал и слични тапа муабети. Од такви ми се гади реално…

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2808
  • Слобода или смрт
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28698 на: 03 Јануари 2025, 22:12:46 pm »
Види од друга страна мене па напорни ми се и оние што те убедуваат дека све е тип топ на возилото и менувале редовно а на крајот од денот не знаеш може живеат на улица што е раскоп или имаат викендица и често возат по калдрма или просто појма немаат од возење што е еден од условите за лоша кола...

Јас за кола сум на принципот гледаш зимаш ниту ме интересира што е правено (ионака не верувам дека некој ќе направи квалитетен голем сервис и ќе ми ја продаде колата) ниту пак некого убедувам што е правено...

Ако колата има маани и не видиш во време на продажба на тебе си е. Ако согледаш нешто продавачот е должен соодветно да ја намали цената (под услов претходно да не е соодветно намалена)






Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 293
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28699 на: 03 Јануари 2025, 23:02:12 pm »
Јас да купувам кола од човек, ќе го гледам човекот не колата. Ќе се изненадите колку може да значи тоа. Ако е некој што не сака ни 100 евра да вложи и е во стилот "абе ќе тера" никогаш нема да купам. Еве јас ќе тргнам од себе. Вложувам во колите од што јас и моето семејство се вози во нив и ми е императив секогаш да се во најдобра состојба поради тоа. Битно ми е никој мој да не изложувам на непотребен ризик, а не за продажба. Железо е тоа, кој може да знае што ќе се случи после една недела, ама ако видиш дека колата ја продава некој кој цело време си ја проверува и му е битно да е во добра состојба тогаш верувај нема да згрешиш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7114
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28700 на: 03 Јануари 2025, 23:32:22 pm »
Погледни ги гумите и многу работи ќе бидат појасни. Мислам дека тоа е најчест показател колку е вложувано во возилото.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14364
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28701 на: 04 Јануари 2025, 00:01:41 am »
Сите сакаат "пресби" Мишелинки да начекаат,ама не им се плаќа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7320
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28702 на: 04 Јануари 2025, 00:05:22 am »
Зависи на какви купувачи/пациенти ке налеташ.  ;D
  • GTI-то го купи човек што не ја ни провозе колата, дојде со некој лимар, чисто да види дали е фарбана/удирана колата, веднаш се договориме
  • GTD-то го купи човек откако само ја отвори возачката врата, не ги интересираше звук на мотор воопшто, повеќе околу цена се ценкаа
  • Е со А4-ката имав бајаги пациенти, од дечко има иста ваква за 17.000Е, до јавувања дека иако не сака воопшто да купи Ауди, да ми кажел дека има Мерцедес, и дека многу и барам, до споредување со А4-ка со 2000000 километри повеќе поминати

Стварно не знам дали навистина има така глупи луѓе, или само така им одговара.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9064
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28703 на: 04 Јануари 2025, 07:14:02 am »
Ima glupi luge

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6513
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28704 на: 04 Јануари 2025, 11:01:38 am »
Премногу и дури тие се сметаат паметни а ти будала.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14091
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28705 на: 04 Јануари 2025, 12:01:16 pm »
Порано почеста појава беше. Ставаш нешто на оглас и јас секогаш сум бил коректен и сум пишувал цена. Не сакам да ми ѕрнкаат на телефон и да се натегаме.

Е арно ама порано, ќе ти се јавеа "Знаеш ли што кола можам да донесам од Германија за тие пари?" Па што ми се јавуваш кога ја знаеш цената. 😂

Во последно, не се случува тоа.

Втор интересен пример е овие со олдтајмерите.

"Знаеш ли на mobile.de колку пари одат?! Еве да ти покажам"

"Друже, нити се Германија, ниту твојата вреди колку таа на mobile.de што му ја покажуваш."

После ќе се навредат .
"Не ја давам тогаш, нека скапе во двор." Се вреѓаат на лична основа 😂

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 600
    • ibiz.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28706 на: 04 Јануари 2025, 12:25:39 pm »
Втор интересен пример е овие со олдтајмерите.

"Знаеш ли на mobile.de колку пари одат?! Еве да ти покажам"

"Друже, нити се Германија, ниту твојата вреди колку таа на mobile.de што му ја покажуваш."

После ќе се навредат .
"Не ја давам тогаш, нека скапе во двор." Се вреѓаат на лична основа 😂

Има еден тојота хилукс 98 ја пишал 25. И со такви линкови од германија
Виде дека не оди па спушти ма 15, али и тос е многу.

Последно од балдза астра се вложи 1500е, нови амиртизери, сите јабучици,.. кочници гуми
И се јавуваат и споредуваат други астри за 2000

Земи кој ти брани
Прост народ

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28707 на: 04 Јануари 2025, 12:28:36 pm »
Втор интересен пример е овие со олдтајмерите.

"Знаеш ли на mobile.de колку пари одат?! Еве да ти покажам"

"Друже, нити се Германија, ниту твојата вреди колку таа на mobile.de што му ја покажуваш."

После ќе се навредат .
"Не ја давам тогаш, нека скапе во двор." Се вреѓаат на лична основа 😂

Има еден тојота хилукс 98 ја пишал 25. И со такви линкови од германија
Виде дека не оди па спушти ма 15, али и тос е многу.

Последно од балдза астра се вложи 1500е, нови амиртизери, сите јабучици,.. кочници гуми
И се јавуваат и споредуваат други астри за 2000

Земи кој ти брани
Прост народ

Тие многу добро знаат дека одржуваната вреди повеќе, само сакаат да ја купат за цената на некој крш. Иначе ќе појдеа кршот ќе го купеа. Колку ги имав такви за 335ката ехееее

Дечкото што ја купи, се видовме, ја проба, му реков Слободно помини до Ауто-Ин прашај што те интересира за колата, таа е цената. Не ни појде, следниот ден ми се јави да договориме нотар.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6650
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28708 на: 04 Јануари 2025, 12:38:44 pm »
Колега продаде форд фјужн 1.4 тдци, имаше нешто мака со моторот.

По 2 дена го гледаме на оглас истиот форд и не заинтересира баш да видиме што ќе каже и му се јавуваме.

Прво цената беше мислам 1000 евра повисока од таа по која го купи, и второ почна приказни да продава дека го имал 10 години, тип топ кола, пазена, одржувана.


Така да препродавачи никогаш не ги интересира што кола зима и во каква состојба е, само профитот. Затоа му е битно што е можно поефтино да го купи за да извади повеќе профит на тоа возило.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1804
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28709 на: 04 Јануари 2025, 12:52:07 pm »
Колега продаде форд фјужн 1.4 тдци, имаше нешто мака со моторот.

По 2 дена го гледаме на оглас истиот форд и не заинтересира баш да видиме што ќе каже и му се јавуваме.

Прво цената беше мислам 1000 евра повисока од таа по која го купи, и второ почна приказни да продава дека го имал 10 години, тип топ кола, пазена, одржувана.


Така да препродавачи никогаш не ги интересира што кола зима и во каква состојба е, само профитот. Затоа му е битно што е можно поефтино да го купи за да извади повеќе профит на тоа возило.

Јас да сум ќе регулирам со закон да мора да отвориш фирма што продадеш повеќе од 2 3 возила во годината, а секоја фирма што продава половни возила да нуди детален извештај за исправноста на истото.

Ама бидејќи јас не се прашувам ќе си имаме див запад како и со се.