Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4184762 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14091
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28710 на: 04 Јануари 2025, 17:20:58 pm »
Продадовме пред некоја година Пегличка во Битола.

Дојде типот, беше огласена 650 евра...молеше колеше, немал пари, не знам децата на студии, ајде викаме 500 евра носи ја.
Имал планови, ќе ја реставрирал, имал човек ќе му ја средувал...

Буквално другиот ден, со извадени таблици, беше огласена 2500 евра на Реклама5.

Затоа никој не го верувам на пазар кај нас, ниту блиски ниту далечни луѓе...

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28711 на: 04 Јануари 2025, 17:41:20 pm »
Продадовме пред некоја година Пегличка во Битола.

Дојде типот, беше огласена 650 евра...молеше колеше, немал пари, не знам децата на студии, ајде викаме 500 евра носи ја.
Имал планови, ќе ја реставрирал, имал човек ќе му ја средувал...

Буквално другиот ден, со извадени таблици, беше огласена 2500 евра на Реклама5.

Затоа никој не го верувам на пазар кај нас, ниту блиски ниту далечни луѓе...

😂😂

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7865
  • Плинаш!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28712 на: 06 Јануари 2025, 23:01:02 pm »
Колега продаде форд фјужн 1.4 тдци, имаше нешто мака со моторот.

По 2 дена го гледаме на оглас истиот форд и не заинтересира баш да видиме што ќе каже и му се јавуваме.

Прво цената беше мислам 1000 евра повисока од таа по која го купи, и второ почна приказни да продава дека го имал 10 години, тип топ кола, пазена, одржувана.


Така да препродавачи никогаш не ги интересира што кола зима и во каква состојба е, само профитот. Затоа му е битно што е можно поефтино да го купи за да извади повеќе профит на тоа возило.

Јас да сум ќе регулирам со закон да мора да отвориш фирма што продадеш повеќе од 2 3 возила во годината, а секоја фирма што продава половни возила да нуди детален извештај за исправноста на истото.

Ама бидејќи јас не се прашувам ќе си имаме див запад како и со се.
Има закон, ама наоѓаат дупки во законот кои очигледно се намерно оставени.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 909
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28713 на: 09 Јануари 2025, 09:43:27 am »
Нисан Кјуб 1.5 дци 😁

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5172218

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 600
    • ibiz.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28714 на: 09 Јануари 2025, 10:30:36 am »
Нисан Кјуб 1.5 дци 😁

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5172218

мислев Fiat Multipla е најгрдо авто, али грешка сум
личи на автомобил кој би го нацртал 4 годишно дете  ;D

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 284
  • Macedonia
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28715 на: 09 Јануари 2025, 10:40:16 am »
Како што ги цртаат во аниме за деца, најгенерички за да не се губи време и анимација на небитни детали на количиња што врват во позадина

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6512
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28716 на: 09 Јануари 2025, 13:37:57 pm »
Каросериски на оваа ништо да не се оштети оти кој ќе порачува од Јапонија.  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29747
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28717 на: 09 Јануари 2025, 13:55:32 pm »
Прејако изгледа. :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7865
  • Плинаш!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28718 на: 09 Јануари 2025, 14:54:37 pm »
Нисан Кјуб 1.5 дци

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5172218

мислев Fiat Multipla е најгрдо авто, али грешка сум
личи на автомобил кој би го нацртал 4 годишно дете  ;D
Малиов вака црта колички во 1во оделение

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28719 на: 09 Јануари 2025, 16:02:41 pm »
Ќе дреме долго на огласи и на крај во стилот на другарот Џимни, ќе го даде за 2.500еур.

Заборавил да пише во огласот, "само за вистински познавачи и ценители" :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28720 на: 09 Јануари 2025, 18:11:55 pm »
Ќе дреме долго на огласи и на крај во стилот на другарот Џимни, ќе го даде за 2.500еур.

Заборавил да пише во огласот, "само за вистински познавачи и ценители" :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk



На што мислиш поконкретно “во стилот на другарот Џимни?”

На ставовите на членот Jimny или на моделот Сузуки Џимни? Бидејќи Џимни-то (изненадувачки за мене) држи цена.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28721 на: 09 Јануари 2025, 18:20:39 pm »
Може ли да знам што се случува или за што станува збор, доколку е потребно мое утврдување на проценка и цена на вредноста на продажба на користено половно возило? Стојам на располагање.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14091
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28722 на: 10 Јануари 2025, 08:38:26 am »
Нисан Кјуб 1.5 дци 😁

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5172218

Шо знам, кул ми е мене. Онака несекојдневно.

Ко од Sponge Bob да е карактер 😁

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3526
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28723 на: 10 Јануари 2025, 10:21:35 am »
Jackie Chan.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28724 на: 11 Јануари 2025, 00:16:23 am »
Ќе дреме долго на огласи и на крај во стилот на другарот Џимни, ќе го даде за 2.500еур.

Заборавил да пише во огласот, "само за вистински познавачи и ценители" :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk



На што мислиш поконкретно “во стилот на другарот Џимни?”

На ставовите на членот Jimny или на моделот Сузуки Џимни? Бидејќи Џимни-то (изненадувачки за мене) држи цена.
Може ли да знам што се случува или за што станува збор, доколку е потребно мое утврдување на проценка и цена на вредноста на продажба на користено половно возило? Стојам на располагање.
Брат Џимни секогаш кутка барем 25% од цената на возилата што се огласуваат на форумот, ме интересира проценка на ова. Јас типувам 60% :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk