Сум запнал за алфа на стариот да му земам, ваљда нема да се покајам
ме интересира giulietta, некако ме влече 2.0 јтдм, е сеа дали грешам или не - кој знае нека каже.
како и да е преферирам дизел да е, и што повеќе опрема.
на оглас неколку ми фатија око, и добредојдени се мислења доколку некој ги знае примероциве
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5230076
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5156115
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5066738
тие со 1.6 некако се послаби со опрема па ги прескокнав, но ништо не е финално.
од огласиве што гледам, приметив дека тапацирите доста им страдаат, и на вратите а и по седиштата.
многу битна работа што ме интересира е дали менувачите на џулиетиве им страдаат како и на претходните генерации возила од оваа групација ? како и беше со прегревање ли, избацување сам од брзина итн.
бујрум алфаши 
Генерално се ок коли. Не се нешто многу со дефекти.
Имаат некој ситници, ама ништо страшно. Како и сите половни возила.
Не ми се познати дизелите, ама не сум слушнал дека некоја мака имаат посебно.
Како шо кажа колегата
@fuzzjaw се одлепуваат тапацирите на вратите. Кај мене летово на предните се одлепија.
Освен механика, запази на електрониката малку. Цел заден дел: брисач, светла, греачи... знаат да се скинат жичките во 5тата врата. Не дека е deal breaker ама можност за да се ценкаш повеќе.
Исто и фаровите загледај ги. Да се оргинал и да им работи ледот.
Од овие на сликите што ги гледам, сивата има доста опрема ама некако лоша е од надвор. Има фабрички ксенон со вртење на фаровите во кривини. Фарбале предна маска, лепенки на браниците, некој се занесувал.
Таа црната исто е ок со опрема (нема фабрички ксенон), ама сликите се темни ништо не се гледа.
Таа тегет е најлоша. Највероватно е лупната од напред. Затоа што има маска од фејслифт моделот, а ентериер од старата. Тука ми е и сумлива година 2013.
Исто така кај неа ќе видиш дека брисачот заден е на пола стакло, тоа што ти го посочив за каблите.