Сум запнал за алфа на стариот да му земам, ваљда нема да се покајам
ме интересира giulietta, некако ме влече 2.0 јтдм, е сеа дали грешам или не - кој знае нека каже.
како и да е преферирам дизел да е, и што повеќе опрема.
на оглас неколку ми фатија око, и добредојдени се мислења доколку некој ги знае примероциве
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5230076
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5156115
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5066738
тие со 1.6 некако се послаби со опрема па ги прескокнав, но ништо не е финално.
од огласиве што гледам, приметив дека тапацирите доста им страдаат, и на вратите а и по седиштата.
многу битна работа што ме интересира е дали менувачите на џулиетиве им страдаат како и на претходните генерации возила од оваа групација ? како и беше со прегревање ли, избацување сам од брзина итн.
бујрум алфаши
Примероците не ги знам, нит па ми е познат дизел моторот така да тука не коментирам.
Она шо ќе ти кажам е дека со менувачот немаш проблем, во Giulietta-та е C635 менувач кој не е познат по проблеми. Кај мене е феноменален и после 185ккм, единствено што сменив е шо го скратив одот малку со shortshifter кит од 4H, и сега е драстично пократок и поотсечен. Исто така, промена на масло во менувач не е на одмет.
Тапацирите се, благо кажано, говна. На седиштата што се комбинирани кожа од страна и штоф на средина, кожниот дел страдат (пукање и дисколорација), штофот е генерално океј. Мислам дека се решават ама не дошло на ред, а и не ми сметат толку. Вратите се катастрофа, лепакот попуштат многу често. Решението е претапацирање - јас ги средив локално за некои 4,000 денари, ама не сум задоволен. Во Скопје проверено квалитетни дечки ми побараа (мислам) 1,500 денари по врата, веројатно на пролет би ја претапацирал кај нив.
Генерално немаш некој голем проблем со Giulietta-та, кај бензинците е проблематичен MultiAir модулот ама ако земаш дизел немаш таква мака.
EDIT: Да не ја заборавам климата. Проблематична е автоматската двозонска клима, моторчињата за регулација на топло/ладно знает да откажет и заглавет, и имаш топла клима на лето и ладна клима на зима. Автоматска е, ама автоматска неа како ќе и текнит, а не ти како шо сакаш. Решението е промена на моторчињата, последна информација ми е околу 11,000 денари по моторче (имаш четири) и околу 8-10 илјади за работна рака во квалитетен сервис пошо потребно е растурање на цела табла за да стигниш до нив. Во сервиси за клима сум прашал, на едно-две места не сакаа да се нафатат, Вебасто ми рекоа дека немале мајстори до на пролет, така да ќе ги почекам нив - засега кај мене е океј и не ми е итно да ја решам.