Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4026158 пати)

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2697
  • Слобода или смрт
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28410 на: 30 Октомври 2024, 16:12:47 pm »
Кога сме кај давачки за увоз, еве ја пресметката за да ја увезам мојата Џулиета, мене ми е нереално ниска..



Ако споредиш со сумата на која е каталошката вредност возилото давачките се 35 проценти. А тоа никако не е мал процент.
Сумата е нерелевантна во случајов туку процентот е битен.

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28411 на: 30 Октомври 2024, 16:22:42 pm »
Еве ја веројатно оригиналната статија од пред 5 дена Вечер: По Нова година ќе паѓаат цените на половните автомобили.

Интересно е како сопствеников на плац прв има инфо. Инаку никаква мерка за олеснување на увоз на половни не треба, напротив, нека затегнат максимално и со качување на стандарди и со давачки.

Ама затоа да видиме најниски давачки во регионов за нови возила, 0% за хибриди и електрични. Па зашто да не и субвенционирани кредити за одредени слоеви население како проектов КККС. Па да видиме и исклучување од сообраќај на дизеливе без филтри, ригорозни технички итн. Да видиме тогаш која будала ќе се решава да влече некој крш од странство и да не труе тука и да загрозува фамилија, место да си се почасти со нешто ново од салон.

За жал, ваква хипотетичка мерка како од статијава повеќе носи гласови него што губи кај нас.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 911
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28412 на: 30 Октомври 2024, 16:31:07 pm »
Еве ја веројатно оригиналната статија од пред 5 дена Вечер: По Нова година ќе паѓаат цените на половните автомобили.

Интересно е како сопствеников на плац прв има инфо. Инаку никаква мерка за олеснување на увоз на половни не треба, напротив, нека затегнат максимално и со качување на стандарди и со давачки.

Ама затоа да видиме најниски давачки во регионов за нови возила, 0% за хибриди и електрични. Па зашто да не и субвенционирани кредити за одредени слоеви население како проектов КККС. Па да видиме и исклучување од сообраќај на дизеливе без филтри, ригорозни технички итн. Да видиме тогаш која будала ќе се решава да влече некој крш од странство и да не труе тука и да загрозува фамилија, место да си се почасти со нешто ново од салон.

За жал, ваква хипотетичка мерка како од статијава повеќе носи гласови него што губи кај нас.

Зошто би накачувале давачки, кои се ионака превисоки, за половни возила, рецимо 3-4 години стари, кои се по Еуро 6 стандард на емисии?

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28413 на: 30 Октомври 2024, 16:40:51 pm »
За да компензираат намалување давачки за нови. Еве ај, нека не накачуваат, али минимум да е 6d.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6790
  • French diamond
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28414 на: 30 Октомври 2024, 17:01:48 pm »
Не секој сака да вози нова кола од салон со минимална опрема и 80 коња мотор. Јас сум еден од тие, пре би 5 години старо, ама да ми прави ќеф, него нова колку да не одиш пешки.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28415 на: 30 Октомври 2024, 17:13:10 pm »
...
Мислев зборуваме за чисто (ганц) нова кола.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29588
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28416 на: 30 Октомври 2024, 17:23:31 pm »
Секако дека треба да зборуваме за ганц нови коли. Или што е можно поблиску до нови. Не повеќе од 3 години стари, да речеме. Поентата е да се обнови возниот парк, не да се зголеми со подеднакво-утепан крш или да се замени со нијанса понов крш.

Плус, сето тоа треба да биде поддржано и со финансиски институции. Подобри услови за кредитирање на нови возила. Уште подобри услови за кредитирање на нови почисти возила (хибриди, ПХЕВ, електрични). Па посебни услови за правни лица со цела флота на возила, итн, итн.

Повторно ќе напоменам, просечната старост на возилата во Македонија е 20 години. Замислете како изгледа 20 години старо возило. Е сега замислете дека половината (хиперболизирам, секако) се постари од тоа.

Не постојат веќе нови возила. Тоа време помина. Толку беше. Таква мерка за нови ништо нема да придонесе зошот продажбата на такви е микронска. Од друга страна еуро 4-5-6 да има помали давачки би натерало некој за да купи поново А4, наместо постара А6. Или да земе понова бмњ 5, наместо постара бмњ 7. Така да тоа е целта на ова. Инаку - ДА, не требало можеби за сите еуро да е исто 4-5-6, туку за еуро 4 да се 15, за еуро 5 да е 10, и за еуро 6 да е 5%. Затоа што уште повеќе би се стимулирала продабата на скоро нови возила од 5-6 години стари - што е и единствен РЕАЛЕН потег.

Секако дека постојат нови возила. Само се станати скапи, а давачките ги прават уште поскапи. Замисли да се цените на нови возила грубо околу 30% пониски. Голф место 30.000 да е 21.000 Евра. Дастер место 19.000 да е 14.000 Евра. Итн.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14229
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28417 на: 30 Октомври 2024, 17:37:11 pm »
Дека загадувањето иди од возилата,не иди.Дека е подобро понови е подобро,дека не можи секој да си ги дозволи не можи.
Дека има поздрави постари возила од понови има.
Намалете малку доживљај дека ве отруја и убија со увезениот крш.
Еве 10г ве читам на форум,ништо не ви е.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28418 на: 30 Октомври 2024, 18:28:37 pm »
Дека загадувањето иди од возилата,не иди.Дека е подобро понови е подобро,дека не можи секој да си ги дозволи не можи.
Дека има поздрави постари возила од понови има.
Намалете малку доживљај дека ве отруја и убија со увезениот крш.
Еве 10г ве читам на форум,ништо не ви е.


Не е само труењето и издувните гасови  друже. Над 50% се технички неисправни и не треба да се во сообраќај,се штеди на дискови и плочки и се бутаат најевтини заменски делови.


Дали знаеш колку пати сум кочел нагло пошо не им работат стоп светла?

Психичко е загадувањето е во Севернистан.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1804
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28419 на: 30 Октомври 2024, 18:30:28 pm »
Тоа е проблем во системот и техничкиот преглед, србија од тоа што пратам затегнаа многу во тој поглед

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28420 на: 30 Октомври 2024, 18:31:20 pm »
Тоа е проблем во системот и техничкиот преглед, србија од тоа што пратам затегнаа многу во тој поглед

Кај нас се регистрираат коли кои се во сопственост на починати луѓе.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14229
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28421 на: 30 Октомври 2024, 18:35:20 pm »
Дека загадувањето иди од возилата,не иди.Дека е подобро понови е подобро,дека не можи секој да си ги дозволи не можи.
Дека има поздрави постари возила од понови има.
Намалете малку доживљај дека ве отруја и убија со увезениот крш.
Еве 10г ве читам на форум,ништо не ви е.


Не е само труењето и издувните гасови  друже. Над 50% се технички неисправни и не треба да се во сообраќај,се штеди на дискови и плочки и се бутаат најевтини заменски делови.


Дали знаеш колку пати сум кочел нагло пошо не им работат стоп светла?

Психичко е загадувањето е во Севернистан.
Технички не исправно можи да биди и 3г старо(помалку веројатно ама има шанса).
Тоа што  техничките и полицијата не си ја бркаат работата како шо треба е друг муабет.
Тој шо сака да штеди на дискови,плочки гуми и на ново возило ќе штеди.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 862
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28422 на: 30 Октомври 2024, 18:35:54 pm »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28423 на: 30 Октомври 2024, 18:43:06 pm »
Дека загадувањето иди од возилата,не иди.Дека е подобро понови е подобро,дека не можи секој да си ги дозволи не можи.
Дека има поздрави постари возила од понови има.
Намалете малку доживљај дека ве отруја и убија со увезениот крш.
Еве 10г ве читам на форум,ништо не ви е.


Не е само труењето и издувните гасови  друже. Над 50% се технички неисправни и не треба да се во сообраќај,се штеди на дискови и плочки и се бутаат најевтини заменски делови.


Дали знаеш колку пати сум кочел нагло пошо не им работат стоп светла?

Психичко е загадувањето е во Севернистан.
Технички не исправно можи да биди и 3г старо(помалку веројатно ама има шанса).
Тоа што  техничките и полицијата не си ја бркаат работата како шо треба е друг муабет.
Тој шо сака да штеди на дискови,плочки гуми и на ново возило ќе штеди.



Релативизираш.

Знаеш за што зборувам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28424 на: 30 Октомври 2024, 18:46:49 pm »
Дека загадувањето иди од возилата,не иди.Дека е подобро понови е подобро,дека не можи секој да си ги дозволи не можи.
Дека има поздрави постари возила од понови има.
Намалете малку доживљај дека ве отруја и убија со увезениот крш.
Еве 10г ве читам на форум,ништо не ви е.


Не е само труењето и издувните гасови  друже. Над 50% се технички неисправни и не треба да се во сообраќај,се штеди на дискови и плочки и се бутаат најевтини заменски делови.


Дали знаеш колку пати сум кочел нагло пошо не им работат стоп светла?

Психичко е загадувањето е во Севернистан.
Технички не исправно можи да биди и 3г старо(помалку веројатно ама има шанса).
Тоа што  техничките и полицијата не си ја бркаат работата како шо треба е друг муабет.
Тој шо сака да штеди на дискови,плочки гуми и на ново возило ќе штеди.
Се согласувам 200%.