Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4026147 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13832
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28395 на: 30 Октомври 2024, 11:39:44 am »
Намалување на ДДВ за употребувани возила, а за нови возила ДДВ е 18? :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1804
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28396 на: 30 Октомври 2024, 11:44:54 am »
Намалување на ДДВ за употребувани возила, а за нови возила ДДВ е 18? :)
нели имаше нешто ако е хибрид електрика итн други поволности?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3717
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28397 на: 30 Октомври 2024, 11:58:51 am »
Некој да не е запознаен со овие најави на пар портали истово го прочитав, сем во глава што ми се вртат зборовите на еден мој бифши колега дека едната партија секад фаворизира увоз на половни возила, а другата на нови?
https://denar.mk/313494/ekonomija/po-nova-godina-pagjaat-cenite-na-polovnite-vozila-avtomobil-od-desetiljadi-evra-ke-cini-osumiljadi-evra

"Владата донесе одлука за намалување на ДДВ на употребуваните автомобили кои се произведени до 6 месец 2012 година, односно оние со еуро 4 и еуро 5 стандард. Тие ќе се оданочуваат на 10 отсто од вредноста на возилото. Така на пример ако некој автомобил чини 30.000 евра, тогаш ќе се оданочува на 3.000 евра."

Ако е ова точно, ова е чиста популистичка мерка. Наместо да се олесни купување на нови возила за да се обнови возниот парк, овие прават да е уште полесно да се увезуваат стари крнтии. Жално.

Наместо да биди за возила што задоволуваат ЕУРО 6, тие пак субвенционираат увоз на 10+ години стари коли.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28398 на: 30 Октомври 2024, 12:37:57 pm »
Некој да не е запознаен со овие најави на пар портали истово го прочитав, сем во глава што ми се вртат зборовите на еден мој бифши колега дека едната партија секад фаворизира увоз на половни возила, а другата на нови?
https://denar.mk/313494/ekonomija/po-nova-godina-pagjaat-cenite-na-polovnite-vozila-avtomobil-od-desetiljadi-evra-ke-cini-osumiljadi-evra

"Владата донесе одлука за намалување на ДДВ на употребуваните автомобили кои се произведени до 6 месец 2012 година, односно оние со еуро 4 и еуро 5 стандард. Тие ќе се оданочуваат на 10 отсто од вредноста на возилото. Така на пример ако некој автомобил чини 30.000 евра, тогаш ќе се оданочува на 3.000 евра."

Ако е ова точно, ова е чиста популистичка мерка. Наместо да се олесни купување на нови возила за да се обнови возниот парк, овие прават да е уште полесно да се увезуваат стари крнтии. Жално.

Ако возилото е од 2012, и има вредност од 30.000 евра после 12 години, колку ли му била набавната цена во 2012?

Произведено 2012
Еуро 5
30.000 евра

Што ли може да биде?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3717
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28399 на: 30 Октомври 2024, 12:40:57 pm »
M5/M3 :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28400 на: 30 Октомври 2024, 12:47:56 pm »
Еве сега зборев со Борче, магационерот од Кам. Рече дека супер била мерката. И ме праша за Опел Корса 1.2 2010 ако симне од Германија колку ќе го чини со новиот ДДВ.

Му реков, толку ќе заштедиш за да стаиш плин и 6 литри уље да имаш фазла да дотура. Ми рече „Браво„

И сега незнам дали е Браво за мене што му кажав како иде процедурата или за премиерот што му овозможил да купи ефтина Корса со 1.2 на плин.

Изгледа беше за премиерот, зашто ми спомна дека ќе иде во Петрич да се слика за документи му искочило државјанството. Сигурно веќе прашал, како да стигне до Корса на бугарски таблици.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 911
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28401 на: 30 Октомври 2024, 13:11:37 pm »
Некој да не е запознаен со овие најави на пар портали истово го прочитав, сем во глава што ми се вртат зборовите на еден мој бифши колега дека едната партија секад фаворизира увоз на половни возила, а другата на нови?
https://denar.mk/313494/ekonomija/po-nova-godina-pagjaat-cenite-na-polovnite-vozila-avtomobil-od-desetiljadi-evra-ke-cini-osumiljadi-evra

"Владата донесе одлука за намалување на ДДВ на употребуваните автомобили кои се произведени до 6 месец 2012 година, односно оние со еуро 4 и еуро 5 стандард. Тие ќе се оданочуваат на 10 отсто од вредноста на возилото. Така на пример ако некој автомобил чини 30.000 евра, тогаш ќе се оданочува на 3.000 евра."

Ако е ова точно, ова е чиста популистичка мерка. Наместо да се олесни купување на нови возила за да се обнови возниот парк, овие прават да е уште полесно да се увезуваат стари крнтии. Жално.
Таа крнтија кошта 5-6 илјади евра, а секој нема пари да лупне над 14к за нова.

За 6к ќе купиш Голф од 2016та ако наместо ова, укинат давачки на 2015 и нагоре за да се обнови возниот парк

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29588
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28402 на: 30 Октомври 2024, 13:55:31 pm »
Наместо популистички мерки, треба конкретен план за обновување на возниот парк. Просечната старост на возило во Македонија е 20 години.

Треба директно олесување на купување нови-нови возила. Flat rate 5% давачки, да речеме, на претходно нерегистрирани возила. Со редовна инспекција кај импортерите да не ги зголемуваат маржите на сметка на намалените давачки. Ако треба нека се воведе и cash-for-clunkers програма. Однеси возило постаро од 15 години на отпад и добиваш ваучер во вредност од 3000 евра за набавка на ново возило. Ваучер кој се врзува со име и презиме и лична карта, и не е пренослив, за да се избегнат малверзации.

Па понатаму за половни возила - Еуро 6, едни давачки. Еуро 5, други (повисоки давачки). Еуро 4? Нема, пројде тој воз. Или евентуално ЕПТЕН високи давачки, за ако сакам нешто за мерак да си увезам да можам, ама да биде скапо.

Не е поентата да се увезат дополнителни возила. Поентата е да се заменат постоечките, не е дека имаме малку. Ама имаме многу прастар крш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28403 на: 30 Октомври 2024, 14:17:15 pm »
Некој да не е запознаен со овие најави на пар портали истово го прочитав, сем во глава што ми се вртат зборовите на еден мој бифши колега дека едната партија секад фаворизира увоз на половни возила, а другата на нови?
https://denar.mk/313494/ekonomija/po-nova-godina-pagjaat-cenite-na-polovnite-vozila-avtomobil-od-desetiljadi-evra-ke-cini-osumiljadi-evra

"Владата донесе одлука за намалување на ДДВ на употребуваните автомобили кои се произведени до 6 месец 2012 година, односно оние со еуро 4 и еуро 5 стандард. Тие ќе се оданочуваат на 10 отсто од вредноста на возилото. Така на пример ако некој автомобил чини 30.000 евра, тогаш ќе се оданочува на 3.000 евра."

Ако е ова точно, ова е чиста популистичка мерка. Наместо да се олесни купување на нови возила за да се обнови возниот парк, овие прават да е уште полесно да се увезуваат стари крнтии. Жално.
Не постојат веќе нови возила. Тоа време помина. Толку беше. Таква мерка за нови ништо нема да придонесе зошот продажбата на такви е микронска. Од друга страна еуро 4-5-6 да има помали давачки би натерало некој за да купи поново А4, наместо постара А6. Или да земе понова бмњ 5, наместо постара бмњ 7. Така да тоа е целта на ова. Инаку - ДА, не требало можеби за сите еуро да е исто 4-5-6, туку за еуро 4 да се 15, за еуро 5 да е 10, и за еуро 6 да е 5%. Затоа што уште повеќе би се стимулирала продабата на скоро нови возила од 5-6 години стари - што е и единствен РЕАЛЕН потег.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28404 на: 30 Октомври 2024, 14:19:13 pm »
Еве сега зборев со Борче, магационерот од Кам. Рече дека супер била мерката. И ме праша за Опел Корса 1.2 2010 ако симне од Германија колку ќе го чини со новиот ДДВ.

Му реков, толку ќе заштедиш за да стаиш плин и 6 литри уље да имаш фазла да дотура. Ми рече „Браво„

И сега незнам дали е Браво за мене што му кажав како иде процедурата или за премиерот што му овозможил да купи ефтина Корса со 1.2 на плин.

Изгледа беше за премиерот, зашто ми спомна дека ќе иде во Петрич да се слика за документи му искочило државјанството. Сигурно веќе прашал, како да стигне до Корса на бугарски таблици.

Браво брату. Му го кажа.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2647
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28405 на: 30 Октомври 2024, 14:34:47 pm »
Или, може дравичката да се управи, да нема лопови, да важат законите за СИТЕ, и да се спроведуваат,  инфраструктура, поддршка на мали бизниси, (реална)  да се управи и економијата да има повеќе извоз на домашни производи и услуги ( а не извоз на луѓе) и тн и тн да не набројувам повеќе.

И тогаш, некако природно возниот парк сам да си се обнови. пошто никој не сака да вози крш.

И тогаш, кога тоа од погоре ќе се исполни,  да се зголемат давачките за регистрација на постари коли со еуро 2 и 3, за дополнително да се стимулира обнова на возен парк.

А да, и голфовите да почнат да се сметаат за обични коли, не за инвестициско злато. па да му расте цената како што старее  ;D ;D ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28406 на: 30 Октомври 2024, 14:58:17 pm »
Абе државата е супер, од надвор не даваат да пркнеме.
Еве сега да победи Трамп и ќе ни тргне, зборено е со него, ќе пушти да пркнеме.

Ќе ги снема ЛГБТ+ анти руските прогресивци.
Ќе дојдат КГБТ+ про руските прогресивци.

Исти к*рац ќе биде само у друга дупка ќе го пикнат.

Нас ни е битно, половно Голфче дизел да е добра цена на старо. Другото ќе го даде господ, Трамп и Путин.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2647
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28407 на: 30 Октомври 2024, 15:12:15 pm »
Да не пишувам реферати една слика 1000 зборови...


Ова на сликата е македончето, само после плаче дека другите му се криви

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6790
  • French diamond
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28408 на: 30 Октомври 2024, 15:30:36 pm »
Кога сме кај давачки за увоз, еве ја пресметката за да ја увезам мојата Џулиета, мене ми е нереално ниска..


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28409 на: 30 Октомври 2024, 15:40:08 pm »
Ќе ти бара вредност од фактура за да можи на повисока цена да удрат саторот.