Има во БГ фирми шо ти бркаат се комплет работа.
Инаку кола од Полска,Литванија,Латвија и сл. купување ни под разно.
Ако не најдам на 85 милионски пазар во Де,не возам поќе кола.
Бугарите ќе ми ја спремат за до увоз?
Инаку не станува збор за Полска, Литванија, Латвија, на овие bid.cars видов интересни возилца што може да се донесат тука, не се само најголеми кршеви од 500-1000 долари.
На пример, вакво нешто би ми фатило око:
https://bid.cars/en/lot/1-71212554/2018-Alfa-Romeo-Giulia-ZARFAEEN1J7597618Вика "buy now price" 4500$, есапот испаѓа до ротердам со 21% данок 9700 евра. (според трошковникот на сајтот).
Е сеа, ако го одбиеме данокот ќе испадне 8000 евра отприлика. На тоа 40% македонски давачки, еве 50% ќе стаам, ќе испадне 12000 евра „франко скопје“.
Проценета вредност на оправка у америките е 12.000$ (веројатно овластен сервис проценка), што веројатно со малку балканска снаодливост ќе се сведе на 6.000 евра.
Можеби не е лоша идеја да се донесе некое ваква мачка у вреќа, поготово за ентузијасти ко мене, кои имаат време и желба малце и сами да се е*аваат со разни проблеми околу коливе.