Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 3981328 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
  • Macedonia
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28005 на: 17 Јули 2024, 16:55:45 pm »
Мене тоа што ми пречи со огласите кај нас е дека никој не пишува последна реална цена па мораш сите да ги прашуваш која е последна и да се ценкаш. А колку ќе беше едноставен светов сите да пишуваат реална фиксна цена и да не губиме време никој. Не знам ете сите што намалувате цена при продажбата, намерно ставате поскапа у старт за да спуштите до вашата цена или очекувате некој да не се ценка па да има ќар? Дури и претпријатија истото го прават со цените. Едноставно стави ја цената што си ја имаш во ум дека ти е последна и готово
 
А па да не почнам со "najful oprema sve ima" а нема ни паркинг сензори ни темпомат. И пак морам јас рачно пешки да проверувам да прашувам на секој оглас што точно опрема има таа кола со "фул" опрема...само губење време

Според мене тоа се луѓе што сакаат преку леб погача да добијат и да спечалат нешто од ништо. И не верувам дека функционира тоа освен кај ептен прости луѓе, оти и обичен бот кога ќе треба да дава пари за нешто ќе се подразмисли. Мислењето си го поткрепувам и со тоа што истово се случува и со пазарот на недвижности.  Година дена интензивно пратев ситуација и комуницирав со разноразни луѓе и можам да кажам дека на тој пазар ова е уште поизразено.

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28006 на: 17 Јули 2024, 18:03:52 pm »
Да се надоврзам на муабетот со нудење понуди доста пониски од цената на оглас.

Додека барав Мондео, излезе едно бело на оглас. Се јавив и човекот го имаше огласено за 15.600 евра.
Мојот буџет беше 13.500 евра макс.
Се јавив, зборевме за колата, прашав дали има простор околу цената, и дечкото рече има мал простор, да израмниме, алудирајки накај 15.000 евра.
Јас пошто тоа беше надвор од мојот буџет, од срам не му понудив 13.500, дека не сакав да се ценкам.

Ја видов после некој месец колата паркирана во маало. Го начекав новиот сопственик, ми рече 13.400 ја земал, или така нешто, те памтам точна бројка, само знам помалце од 13.500.

И одма, накај одење дома, му се јавив на човекот што ја продаваше, и му реков зошто не ми спушни мене цена, очигледно без многу заинтересиран за колата, и он ми рече, и ке го цитирам, затоа што ти не ми даде понуда.

Така да, не ме изненадува тоа што се нудат понуди, кај нас е очекувано да се ценка.
Тоа што некој од нас не знаат како да се ценкаат, тоа е друга работа :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28007 на: 17 Јули 2024, 18:18:42 pm »
Многу фер ти кажал чоекот ;D на своја воља да ти рече "еве те частам ја 2000 евра попуст од огласената цена..." Ја би се замислил дали сака само да ја скине с'курца колата ;D

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28008 на: 17 Јули 2024, 18:37:28 pm »
Многу фер ти кажал чоекот ;D на своја воља да ти рече "еве те частам ја 2000 евра попуст од огласената цена..." Ја би се замислил дали сака само да ја скине с'курца колата ;D
Да, јас сум крив што од срам не се пазарив.
Добра лекција научив тој ден :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28009 на: 18 Јули 2024, 00:29:58 am »
Мене тоа што ми пречи со огласите кај нас е дека никој не пишува последна реална цена па мораш сите да ги прашуваш која е последна и да се ценкаш. А колку ќе беше едноставен светов сите да пишуваат реална фиксна цена и да не губиме време никој. Не знам ете сите што намалувате цена при продажбата, намерно ставате поскапа у старт за да спуштите до вашата цена или очекувате некој да не се ценка па да има ќар? Дури и претпријатија истото го прават со цените. Едноставно стави ја цената што си ја имаш во ум дека ти е последна и готово
 
А па да не почнам со "najful oprema sve ima" а нема ни паркинг сензори ни темпомат. И пак морам јас рачно пешки да проверувам да прашувам на секој оглас што точно опрема има таа кола со "фул" опрема...само губење време

Има малку психологија во ова. Секој купувач се чувствува добро кога ке добие попуст, макар и минимален да е, и затоа кој и да дојде да купува нешто, ке ти се ценка, особено кај нас на Балкан, луѓе наоѓаат некое задоволство да кажат дека спуштиле цена, демек добиле добар дил. Имам случаи на работа, во кои луѓе купуваат работи од $4000+ со 25$ купон само колку да се каже дека добил некаков попуст, и имам клиенти на кои иако му викаш дека немаш никаков простор за попуст, ти кажува дека нема да купи ако не му дадеш попуст. Претпоставувам дека е исто и ако ставиш реална цена, секогаш ке ти се ценка за пониско, а мене тоа искрено ме нервира.

Мене повеќе ми пречат огласи на кои нема некои најосновни информации од типот на каков мотор има колата, каков менувач, и нешто што гледам дека фали на 80% од огласите, колку километри има поминато. Нереално ми е дека вака ги огласуваат колите.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28010 на: 18 Јули 2024, 02:38:14 am »
Кај нас генерално има многу лош пазар за добро опремени возила, и за ретки модели. Мала држава, мал пазар. Можеби сум и пишувал тука претходно, ама кога ја продавав 4-ката, имав ликови кои ми се јавуваа и ме прашуваа зошто мојата кола е 7-8000Е поскапа од исти други коли на огласи. Баш ги замолив да ми пратат линкови од поефтините А4-ки, и ми праќаат коли кои немаат Матрикс светла, без дигитална табла, адаптивен темпомат, а да не збориме за додатни опции кои не се гледаат, како адаптивна суспензија, дупли стакла, појачани шини итн. Да не зборам дека колата имаше 70к поминато, а ми праќаат со 230к поминато за споредба.

Луѓево се или игнорантни, или така им одговара, да се прават наудрени. Никогаш не успеав да ги разберам што всушност се обидуваа да постигнат, зашто сигурно нема да му спуштам толкава сума заради тоа што нашол друга кола која само носи иста моделска ознака како мојата. На крај, дојде дечко на кого не морав да му ја објаснувам опремата, праша дали може нешто попуст да му дадам, му спуштив 500Е, и утре ми даде пари.

Така и ке биде и со Шкодава, ке се продаде, само што ке потрае дур да си го најде правиот сопственик.

Значи пази, ми пишуваат за цена, им ја кажувам цената и им кажувам дека има простор за договор на лице место (спремен сум 2000 евра да спуштам на БМВто ако се најде некој ептен заинтересиран). И иде тип и ми вика да ти понудам <6000 евра пониска сума> кеш одма. Знам дека кажав има простор за договор ама damn bro :)

Стави цени на огласите. И на меганот и на бмвто немаш.

Се прават наудрени, глупи не зошто стварно се глупи :)
Јас за среќа со А5 го немав тој проблем. Ми пишаа 4/5 луѓе ама не спомнаа ништо за други. Дечкото што ја купи беше од Велес исто. Ми се јави ми рече сакам да ја купам заради опремата, му дадов 1000еу попуст и си ја зема по неколку часа.

Што се однесува до опремата и колата, ете на мобиле.де може да види кој сака, има исти коли со исто км со разлика во цената од 10.000 евра, сето тоа е заради опремата. Така да секој си го прави пазарот за неговите пари дали сака опрема или сака да нема опрема и да е гола колата ама поефтина.
Јас кога барам на мобиле де означено ми е адаптивен темпомат и 360 камера да има, без тоа не ни ми ги прикажува колите ниту ме интересираат без разлика на цена, на некој може му е битно да има кожни седишта или пак да нема.... за се си има пазар.

Вака многу коли се испуштаат, многу од луѓето не ги маркираат сите работи од опрема што ги имаат за жал.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28011 на: 18 Јули 2024, 06:42:39 am »
И да стави цена, и да ја напише целата опрема, пак е џабе. Има луѓе, што се им е скапо, и мана ќе најдат на се. Ќе си почека за правиот купувач и тоа е.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3788
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28012 на: 18 Јули 2024, 08:13:56 am »
Кај нас генерално има многу лош пазар за добро опремени возила, и за ретки модели. Мала држава, мал пазар. Можеби сум и пишувал тука претходно, ама кога ја продавав 4-ката, имав ликови кои ми се јавуваа и ме прашуваа зошто мојата кола е 7-8000Е поскапа од исти други коли на огласи. Баш ги замолив да ми пратат линкови од поефтините А4-ки, и ми праќаат коли кои немаат Матрикс светла, без дигитална табла, адаптивен темпомат, а да не збориме за додатни опции кои не се гледаат, како адаптивна суспензија, дупли стакла, појачани шини итн. Да не зборам дека колата имаше 70к поминато, а ми праќаат со 230к поминато за споредба.

Луѓево се или игнорантни, или така им одговара, да се прават наудрени. Никогаш не успеав да ги разберам што всушност се обидуваа да постигнат, зашто сигурно нема да му спуштам толкава сума заради тоа што нашол друга кола која само носи иста моделска ознака како мојата. На крај, дојде дечко на кого не морав да му ја објаснувам опремата, праша дали може нешто попуст да му дадам, му спуштив 500Е, и утре ми даде пари.

Така и ке биде и со Шкодава, ке се продаде, само што ке потрае дур да си го најде правиот сопственик.

Значи пази, ми пишуваат за цена, им ја кажувам цената и им кажувам дека има простор за договор на лице место (спремен сум 2000 евра да спуштам на БМВто ако се најде некој ептен заинтересиран). И иде тип и ми вика да ти понудам <6000 евра пониска сума> кеш одма. Знам дека кажав има простор за договор ама damn bro :)

Стави цени на огласите. И на меганот и на бмвто немаш.

Кај нас генерално има многу лош пазар за добро опремени возила, и за ретки модели. Мала држава, мал пазар. Можеби сум и пишувал тука претходно, ама кога ја продавав 4-ката, имав ликови кои ми се јавуваа и ме прашуваа зошто мојата кола е 7-8000Е поскапа од исти други коли на огласи. Баш ги замолив да ми пратат линкови од поефтините А4-ки, и ми праќаат коли кои немаат Матрикс светла, без дигитална табла, адаптивен темпомат, а да не збориме за додатни опции кои не се гледаат, како адаптивна суспензија, дупли стакла, појачани шини итн. Да не зборам дека колата имаше 70к поминато, а ми праќаат со 230к поминато за споредба.

Луѓево се или игнорантни, или така им одговара, да се прават наудрени. Никогаш не успеав да ги разберам што всушност се обидуваа да постигнат, зашто сигурно нема да му спуштам толкава сума заради тоа што нашол друга кола која само носи иста моделска ознака како мојата. На крај, дојде дечко на кого не морав да му ја објаснувам опремата, праша дали може нешто попуст да му дадам, му спуштив 500Е, и утре ми даде пари.

Така и ке биде и со Шкодава, ке се продаде, само што ке потрае дур да си го најде правиот сопственик. 

Се прават наудрени, глупи не зошто стварно се глупи :)
Јас за среќа со А5 го немав тој проблем. Ми пишаа 4/5 луѓе ама не спомнаа ништо за други. Дечкото што ја купи беше од Велес исто. Ми се јави ми рече сакам да ја купам заради опремата, му дадов 1000еу попуст и си ја зема по неколку часа.

Што се однесува до опремата и колата, ете на мобиле.де може да види кој сака, има исти коли со исто км со разлика во цената од 10.000 евра, сето тоа е заради опремата. Така да секој си го прави пазарот за неговите пари дали сака опрема или сака да нема опрема и да е гола колата ама поефтина.
Јас кога барам на мобиле де означено ми е адаптивен темпомат и 360 камера да има, без тоа не ни ми ги прикажува колите ниту ме интересираат без разлика на цена, на некој може му е битно да има кожни седишта или пак да нема.... за се си има пазар.

Вака многу коли се испуштаат, многу од луѓето не ги маркираат сите работи од опрема што ги имаат за жал.

Најчесто ги барам на мобиле.де или на официјалните сајтови на производителите. Помалце забораваат таму да маркираат.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28013 на: 18 Јули 2024, 08:23:45 am »
Кај нас генерално има многу лош пазар за добро опремени возила, и за ретки модели. Мала држава, мал пазар. Можеби сум и пишувал тука претходно, ама кога ја продавав 4-ката, имав ликови кои ми се јавуваа и ме прашуваа зошто мојата кола е 7-8000Е поскапа од исти други коли на огласи. Баш ги замолив да ми пратат линкови од поефтините А4-ки, и ми праќаат коли кои немаат Матрикс светла, без дигитална табла, адаптивен темпомат, а да не збориме за додатни опции кои не се гледаат, како адаптивна суспензија, дупли стакла, појачани шини итн. Да не зборам дека колата имаше 70к поминато, а ми праќаат со 230к поминато за споредба.

Луѓево се или игнорантни, или така им одговара, да се прават наудрени. Никогаш не успеав да ги разберам што всушност се обидуваа да постигнат, зашто сигурно нема да му спуштам толкава сума заради тоа што нашол друга кола која само носи иста моделска ознака како мојата. На крај, дојде дечко на кого не морав да му ја објаснувам опремата, праша дали може нешто попуст да му дадам, му спуштив 500Е, и утре ми даде пари.

Така и ке биде и со Шкодава, ке се продаде, само што ке потрае дур да си го најде правиот сопственик.

Значи пази, ми пишуваат за цена, им ја кажувам цената и им кажувам дека има простор за договор на лице место (спремен сум 2000 евра да спуштам на БМВто ако се најде некој ептен заинтересиран). И иде тип и ми вика да ти понудам <6000 евра пониска сума> кеш одма. Знам дека кажав има простор за договор ама damn bro :)

Стави цени на огласите. И на меганот и на бмвто немаш.

Имам на двете на Вози и на ФБ огласите, од реклама5 реално нема ниту еден човек дојдено, па не им се ни замарам на тие.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28014 на: 18 Јули 2024, 09:21:17 am »
Еве едно интересно возилце VW Polo 1.2TDI 2011 :D

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=5075816

Ова слично на твоето Поло, само малку подобро ми изгледа ова од огласот :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28015 на: 18 Јули 2024, 09:38:30 am »
Моето е 😅

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28016 на: 18 Јули 2024, 09:42:47 am »
Знам знам, мала шала, едно е црвено Поло со црни бандажи во МК (цело време мислев дека се раткапни, сега видов дека со такви бандажи ја имаш земено).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
  • The best or nothing.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28017 на: 19 Јули 2024, 15:41:58 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4735968
Peugeot 308 1.6hdi, 75k km.

Не знам колку е интересна понудава, ама кој бара караван кола, со добар мотор, ниска км, нека повели.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7358
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28018 на: 19 Јули 2024, 15:44:03 pm »
Фина потрошувачка ;D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1373
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28019 на: 19 Јули 2024, 15:49:43 pm »
Прилично многу дискусија разви мојов оглас.Па да кажам збор два. Цената ја формирав во однос на тоа колку ми понудија за откуп старо за ново, а беше прилично блиску до мојата минимална. Што значи дека и они би ја продавале по некоја ваква цена. Со Стејџ 1 кој го имам јас во нормални земји  не ја расипува ни фабричката гаранција. Пак ќе кажам, колата не е наменета ни за џимни ловерс ни за тди чичиња. Некој таков да ми понуди повеќе пари не би му ја дал. За 20.000 може да си купите тракточиња зо затнат дпф. И на крај, немам сретнато еквивалентна А5ка за иста цена.