Да се надоврзам на муабетот со нудење понуди доста пониски од цената на оглас.
Додека барав Мондео, излезе едно бело на оглас. Се јавив и човекот го имаше огласено за 15.600 евра.
Мојот буџет беше 13.500 евра макс.
Се јавив, зборевме за колата, прашав дали има простор околу цената, и дечкото рече има мал простор, да израмниме, алудирајки накај 15.000 евра.
Јас пошто тоа беше надвор од мојот буџет, од срам не му понудив 13.500, дека не сакав да се ценкам.
Ја видов после некој месец колата паркирана во маало. Го начекав новиот сопственик, ми рече 13.400 ја земал, или така нешто, те памтам точна бројка, само знам помалце од 13.500.
И одма, накај одење дома, му се јавив на човекот што ја продаваше, и му реков зошто не ми спушни мене цена, очигледно без многу заинтересиран за колата, и он ми рече, и ке го цитирам, затоа што ти не ми даде понуда.
Така да, не ме изненадува тоа што се нудат понуди, кај нас е очекувано да се ценка.
Тоа што некој од нас не знаат како да се ценкаат, тоа е друга работа