Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4100173 пати)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27165 на: 06 Ноември 2023, 19:23:12 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4210972

Nekoe mislenje? Navodno e prv sopstvenik, so 47.000. Utre ja nosam vo servis na proverka.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27166 на: 06 Ноември 2023, 19:28:14 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4210972

Nekoe mislenje? Navodno e prv sopstvenik, so 47.000. Utre ja nosam vo servis na proverka.

Прескапа по мене

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27167 на: 06 Ноември 2023, 19:32:30 pm »
Добра а евтина нема, ке се полаже човек поевтина смени дискови смени гуртни смени гуми некој сервис плус ќе искочи удри рачуница

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27168 на: 06 Ноември 2023, 19:34:04 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4210972

Nekoe mislenje? Navodno e prv sopstvenik, so 47.000. Utre ja nosam vo servis na proverka.

Моторот е на ланче и е производство на Тојота што е секогаш одлична и долготрајна комбинација. Лично не мислам дека треба да ја преплатиш колата 1500 евра само за да биде со под 50.000 километри.

Побарај понов примерок (фејслифт, втора генерација, сеедно).

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27169 на: 07 Ноември 2023, 08:39:14 am »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4210972

Nekoe mislenje? Navodno e prv sopstvenik, so 47.000. Utre ja nosam vo servis na proverka.

колку за ориентација, јас лани земав Citroën C1ce Phase II 2012-та со 82.000, не увезена, за 4.000.
има и за 3.000 и за 2.500, ама не се мачи да ги гледаш, само џабе ќе си трошиш време
оние што трошат туѓи пари ќе те дијагностицираат дека си ненормален, дека за тие пари има кола, лимузина итн., без разлика каква потреба имаш ти

многу е битно во каква состојба е, опрема, гуми
ол сизн'ки му бапнав за 250еур, пали вози, за Скопје измислено
вчера правев редовен сервис во Еуроимпекс, 2.710ден.

ова на линкот гледам дека има само една слика
ако е во добра состојба, најди начин да му симнеш едно 3-400 еур

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27170 на: 07 Ноември 2023, 08:56:48 am »
Bash taka ako e stvarno ok, ako e od tuka mnogu lesno odnesi ja vo euroimpex i gotovo

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27171 на: 07 Ноември 2023, 10:41:15 am »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27173 на: 07 Ноември 2023, 15:13:32 pm »
Направен е пресврт во 90-та минута, улета Yaris од 2009 со 99к, неувезен. Проверен во сервис, даден амин, договорен за 4700.

Фала на сите за советите, премногу ми значат.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27174 на: 07 Ноември 2023, 15:26:48 pm »
Направен е пресврт во 90-та минута, улета Yaris од 2009 со 99к, неувезен. Проверен во сервис, даден амин, договорен за 4700.

Фала на сите за советите, премногу ми значат.
нека е за убаво само па ја чекаме паркирана во нова тема

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27175 на: 07 Ноември 2023, 16:04:00 pm »
Цените забегани до максимум. 5000 евра за 14 години стар дубак....ништо лично кој тебе,ошто викам. Со здравје да си го возите.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27176 на: 07 Ноември 2023, 20:30:28 pm »
Цените забегани до максимум. 5000 евра за 14 години стар дубак....ништо лично кој тебе,ошто викам. Со здравје да си го возите.


Комплетно се слагам, но тоа е, мораше да се направи „апгрејд“ од Киа Пиканто која има 55к, ама е без серво и клима. Инаку sidegrade е ова, ама што да правиме.

Нема да има тема, не е моја колава, а за мојава чекам да го средам екранот прво, да не се резилам :)))))

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27177 на: 08 Ноември 2023, 09:34:00 am »
Ќе им ја вратиш и ќе останиш и  без кола и без тие пари што си плаќал рати до тогаш, пари не гледам од која причина би ти вратиле.
Да ја продајш неможиш, пошто не е твоја дури плаќаш.

Те обожавам брат да те читам, ми го разубавуваш денот :)


Како и да е, вака оди муабетот со лизинг.

Колата на лизинг си ја земаш со одредено учество.

Минимум е 10%.

Откако ќе ја земеш, ти изготвуваат амортизационен план исто како кај кредитите.

Значи со дата, главнина, камата и колку ќе ти е ратата и колку ти останува да ја исплатиш доколку сакаш.

Возилото, не се води на твое име, туку се води на име на Порше Македонија. Јас сум корисник на возилото, а не сопственик - формално правно збораме.

Тоа ми дава за можност, јас да го вратам возилото кога сакам.

Е сега, како се враќа возило.

Доаѓа проценител и во однос на моменталниот модел колку се продава со иста опрема, се врши проценка по повеќе параметри, ама во глобала е километража и ти дават понуда.

Ако вредноста на колата е 30000 евра, тие вршат проценка одбиваат според нивниот правилник или што и да е и ќе ти рече да речеме 22000 евра за кола што 3-4 години стара (тропам сеа не ме држете за збор). Е сеа пазарно таа кола ти може ќе ја продадеш 27000 евра и затоа повеќето луѓе се решаваат да ја продадат сами и да го затворат лизингот.

Ако не сакам да доплаќам, ти ја враќаш колата и Порше те исплаќа ќеш, не може да ти ја земат колата, а да не ти исплатат тоа што си платил. Тоа се вика кражба и се лежи в затвор :)

Како се затвора лизинг?

Лизингот може да го затвориш кога сакаш после првата година. Значи една година мора да плаќаш рати, а после тоа кога сакаш ја исплаќаш колата и си ја пренесуваш на твое име.

Татко ми пример така направи после втората година.

Се плаќа некоја „казнена камата“ мала сума некоја беше и колата се пренесува во твоја лична сопственост.

Што се однесува на каматите, отприлика е 5-5.5% камата на годишно ниво, ама од делот од лизингот, не од целат сума на колата.

Мене да речеме за 5 години околу 2500 евра ми е каматата, што и не е така страшно, со тоа што малку поинаков е односот кога колата е нивна - има разлика верувајте.

Друга предност е што можеш после истекот на лизинг периодот да ја оставиш колава и да си ја искористиш како учество за нова.

Да речеме сакам наредно Кодиак да возам, ја оставам Октавијата и си го земам Кодиакот и си продолжувам со ратите да си го исплаќам.


На крај на денот ти е што се со фирми, лизингот повеќе им се исплаќа, да не навлегувам.


Алтернативата е кредит од банка со катастрофални каматни стапки. На времето беа 8-9% за автомобилски кредит, сеа не знам колку се.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27178 на: 08 Ноември 2023, 09:42:11 am »
Ако си приватно лице нема подобро од да си ја платиш цела. Ако си службено лице/фирма лизинг пушинг.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #27179 на: 08 Ноември 2023, 09:46:20 am »
Ако си приватно лице нема подобро од да си ја платиш цела. Ако си службено лице/фирма лизинг пушинг.

Тоа е точно, со тоа што ова е Македонија и ако ти е исплатена колата во ќеш, нема да ти се притресуваат многу. Ќе те маткат за било што.

Зборувам од лично искуство со Порше Скопје. Јосифов Битола друг однос имаат.