^
Сѐ убаво, не знаат.
Ама, и да не ги топорат цените како што ги топорат.
Имам некои планови во блиска иднина, па разгледувам возила до кај 3-4000 евра. Одам да гледам Астра како мојата, на оглас - најфул, топ состојба, сервисирана, и тако даље, стандард македонски оглас.
Сиротиот, на испит на факултет полесно ќе поминеше, отколку да ми објасни за колата. Кога го запукав со прашања, уште да заплачеа и тој и син му, а син му механичар.
Башка шо ме заебаваше со цената. Огласена 3.000, се јавувам по телефон ми вика 3.200, одам да ја видам, 350 километри во двата правци, ми вика 3.300.
Така ли? Ела сеа ваму кај чичо... На татко ми незгодно му падна кога почнав да ги шупчам, и него и син му, механичарот, што дозволил пумпата за вода на колата на татко му да протече, антифризот запењавен беше, глицеринот да не правам муабет. Кока кола. Моторот зауљен, тече од повеќе места... Го правел кровот, ама не ставил материјал за кров, ставил материјал за свадбарски фустан на невеста. Па и ми вика, 3.000,00 платил, демек скапо.
Активно барам возило, и увидов дека никој нејќе да одржува кола, сите сакаат скапо да продадат, а никој не сака да одржува кола по пропис и сите сакаат кога купуваат - зачувано, пазено-мазено, одржавано да е.
Е па, не бива така другари.
Плус, си дозволил да ти најдам мана, и кога ќе ја посочам - се нервираат и се курчат. Зошто? Или среди го проблемот, да не можам да ти најдам мана, или кога веќе те боли кур, не се нервирај кога ќе ти кажам дека нешто не си направил како треба.
Му викам "ела види како изгледа променет антифриз, глицерин, од нигде да не капе ни уље ни антифриз..." Дојде, "механичаров", отвори хауба кај мене, и одма затвори. Без коментар.
Јас разбирам, и јас претерувам, ама па луѓево бејзик стандард за одржување возило немаат. А како што реков - сакаат да продадат скапо, а да купат евтино и одржувано.
Не бива така, другари.