Пред да одам на одмор,пред околу 1 месец,земав мотор за БМВ Ф11 530д од Англија.
Моторот 3000£,а менувачот 300£.
Исто е и кај Мерцедес,по 300-400£ се движат менувачите(половни).
Овие што не се расипуваат,половни се евтини,а да прашаш за VW или Ауди,друга цена,друга приказна.
Сосема друг муабет е и тоа кој колку км поминува.
Познаник на С класа прв сервис на менувач му направи на 400Ккм,и ден денес на 650Ккм нема никаков проблем менувачот.
Јас му направив сервис на мојот менувач и ако ја чувам колата(имам уште 30-40Ккм) до нареден сервис ќе размислам дали да го правам,пошо и да почни нешто да се глупира полесно е да го сменам комплет.