Трговијата се појавила уште пред 5000 години. Уште од тогаш, не тргувале само производителите туку се појавувале трговци кои купувале од едни, а продавале на други...
Додадена вредност - да, се рачуна и нештото само донесено на одредено место, услуга, што се има таму, нештото преставено од некој што има добра репутација, име... еден банален пример, производ во Кам и Веро има различна цена...
Конкретно Голден кар, гледам има добри услови за откуп, возила кои не се од увоз и не постари од 15 години... Дај боже што повеќе да има такви што откупуваат добри возила кога ќе видат, а што помалку крш донесен од некаде, нашминкан, замаскиран... Јас, место со месеци да дремам по огласи, да шетам низ цела Македонија да барам возило... ќе посетам неколку добри прекупци и во ист ден ќе имам можност да проверам 30-40 возила... тоа за мене е заштеда и на време и на пари...
И обратно, место да се замарам со огласување, презентација на возилото, слушање со купувачи, договарање, ценкања, па тоа може да трае со денови, недели, месеци... јас ќе си се договорам со еден прекупувач, со цена што ми одговара, па после тој колку сака нека си заработи на тоа... негово право...