Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5525514 пати)

Присутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26055 на: 07 Март 2023, 06:28:55 am »
За тоа што немаме пари да си купиме кола што ни се допаѓа не треба да ни биде друг крив. Земи прати огласи и во германија, и таму колите со добра цена и состојба ги снемува за 1ч. Минатата недела додека изреагирав ми отиде 4ка не беше ни саат време на оглас.
Јас БМВто 5ка одлично опремено и во состојба подобра од 97% од ова што се нуди на огласи го објавив за 17000 лани ова време и за 16800 го дадов за 3ч од кога излезе огласот. Не ни разгледав колку се движат колите пред да го огласам. Сега со тие пари можам да земам под просечна тројка. Да беа старите добри времиња ќе најдев горе солидна 4ка.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26056 на: 07 Март 2023, 07:27:42 am »
Бизнис моделот на Голден кар моментално е одржлив, дури ако имаш свое возило ти ја крева вредноста а ти ништо не правиш.  :D

Лошо е од точак на кола ко ќе се префрлаш, и сакаш со 10 бона да земиш возило што вреди 13.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26057 на: 07 Март 2023, 07:31:43 am »
Не знам колку е нормална цена, затоа и таа што следна ќе ја купам нема да е по нормална цена. Еве прашав никој не кажа колку вреди.

Според Дат.де околу 9500 вреди во Германија. Стави му македонски арач, околу 13.000-14.000 евра да го донесеш на македонски таблички.

А ако го купуваш по нормална цена од Германија (се движат околу 11.000-13.000 евра) и го донесеш тука, автоматски е околу 17к евра... Пазарот на возила е луд и ненормален. Затоа и ти напишав погоре да ми го чуваш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26058 на: 07 Март 2023, 07:42:24 am »
Комплетно го разбирам членот што се жали за Голден Кар. Класичен препродавач, но колку толку изгледа дека колите се во одлична состојба. МК како МК е мал пазар, половни возила купени тука што се продаваат после година две се малку, и дечкото одма ги собира, набива цена и ги огласува.

Него фрустрацијата му е што сака да си купи убава кола, Голден како бот седи на огласи секој ден и штом примети нешто одма трча го купува. Многу јасно вака шансата да уловиш кола по добра цена е мала, затоа што овој пред нос ги зима повеќето, но нема ништо незаконски во неговото работење, само неетички од перспектива на некој што сака да си купи кола. Бизнис моделот ќе му гура додека не се стабилизираат цените, кога ќе паднат колите, а ќе паднат, ќе си продава со мала заработка и тоа е тоа.

Присутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26059 на: 07 Март 2023, 07:50:06 am »
Не знам колку е нормална цена, затоа и таа што следна ќе ја купам нема да е по нормална цена. Еве прашав никој не кажа колку вреди.

Според Дат.де околу 9500 вреди во Германија. Стави му македонски арач, околу 13.000-14.000 евра да го донесеш на македонски таблички.

А ако го купуваш по нормална цена од Германија (се движат околу 11.000-13.000 евра) и го донесеш тука, автоматски е околу 17к евра... Пазарот на возила е луд и ненормален. Затоа и ти напишав погоре да ми го чуваш.
За тебе се знае која ќе биде цената, љуби брат!


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Djokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1028
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26060 на: 07 Март 2023, 08:00:24 am »
Шо убава реклама му направите на Голден Кар, три дена го зборувате. 😁😁😁

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26061 на: 07 Март 2023, 08:15:46 am »
Муда за што?

За да стои колата непродадена 4 месеци и да изгубиш 2/3/4000 евра?

Дреме на оглас наместо да оди на работа и оди ги купува и потоа е сигурен дека може таа кола да ја продаде поскапо.


Е сега сигурен е или ризикува :D

За некој сигурност, за друг ризик. Повели работи го тоа. Нема лиценци, нема специјални овластувања, нема повластици од државата.... одиш купуваш производ и го продаваш поскапо. Вториот најстар бизнис на светот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 687
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26062 на: 07 Март 2023, 08:30:00 am »
Трговијата се појавила уште пред 5000 години. Уште од тогаш, не тргувале само производителите туку се појавувале трговци кои купувале од едни, а продавале на други...
Додадена вредност - да, се рачуна и нештото само донесено на одредено место, услуга, што се има таму, нештото преставено од некој што има добра репутација, име... еден банален пример, производ во Кам и Веро има различна цена...

Конкретно Голден кар, гледам има добри услови за откуп, возила кои не се од увоз и не постари од 15 години... Дај боже што повеќе да има такви што откупуваат добри возила кога ќе видат, а што помалку крш донесен од некаде, нашминкан, замаскиран... Јас, место со месеци да дремам по огласи, да шетам низ цела Македонија да барам возило... ќе посетам неколку добри прекупци и во ист ден ќе имам можност да проверам 30-40 возила... тоа за мене е заштеда и на време и на пари...
И обратно, место да се замарам со огласување, презентација на возилото, слушање со купувачи, договарање, ценкања, па тоа може да трае со денови, недели, месеци... јас ќе си се договорам со еден прекупувач, со цена што ми одговара, па после тој колку сака нека си заработи на тоа... негово право...
« Последно менување: 07 Март 2023, 09:22:13 am R2D2 »
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26063 на: 07 Март 2023, 08:31:21 am »
Него фрустрацијата му е што сака да си купи убава кола, Голден како бот седи на огласи секој ден и штом примети нешто одма трча го купува. Многу јасно вака шансата да уловиш кола по добра цена е мала, затоа што овој пред нос ги зима повеќето...

Не можи братот да оди насекаде во Македонија и се што ќе излези да го купи, па и тоа што го купува треба да го продава, денот него не му е 36часа.
Ако бараш кола за неколку денови ги учиш старите огласи и потоа ни 5мин не ти требаат да ги провериш реклама5, вози, пазар3 со филтер за нов оглас.
Неколку пати на денот и ете ти ја шансата.

Ама ако те мрзи или не сакаш да се замараш, иди како попуст впродавница, ако го пропуштиш го купуваш по редовна цена.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26064 на: 07 Март 2023, 09:04:57 am »
Не знам колку е нормална цена, затоа и таа што следна ќе ја купам нема да е по нормална цена. Еве прашав никој не кажа колку вреди.

Според Дат.де околу 9500 вреди во Германија. Стави му македонски арач, околу 13.000-14.000 евра да го донесеш на македонски таблички.

А ако го купуваш по нормална цена од Германија (се движат околу 11.000-13.000 евра) и го донесеш тука, автоматски е околу 17к евра... Пазарот на возила е луд и ненормален. Затоа и ти напишав погоре да ми го чуваш.
@MAPJAH Ако го видиш @Luki Junior да ми го бациш.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26065 на: 07 Март 2023, 10:08:02 am »
Не е голден кар проблемот, проблемот  е народот во државата шо е прост и нема своја идеја за бизнис.  Сите бизниси се копија еден на друг и на крај се пропаѓаат еден со друг. Ете овај успеал како прекупец со фирма и сеа цел народ автомаски се префрлаат да се прекупци оти немаат грам ум за нешто друго. Отворете сеа во моментот било кој огласник на фејсбук на било кој да кликнеш ќе ти отвори уше 12коли дека продава. Не се ни замараат ни со полирање веќе, истиот крш само го препродаваат. Тука државата е крива шо не води есап кој колку коли има и сменил во годината и не удри некој данок дебел. Истата работа е и со сите бизниси. Еден отвори самоуслужна во Битола, еве сеа нема кој да ти клај рака на кола све газди се напраја со самоуслужни еден до друг и толку снема работа за сите, му се вртка по некоја кола,  некој почнаа да затвараат. Другарче си направи количка уникатна за ладно цедени кафиња, му тргна,  две недели не поминаја секој газда со бутка на корзо насече иверица за 50 евра и сеа сите продаваат кофи то го/киселини, и така чмаат,  евентуално ако се заеби некој еднаш да купи.
Се сложвам со членот од вакви лајнари ќе си плаќаме поскапо за ѓубре, не е за се снашол некој снајди се и ти работата,  се снашле еден двајца, десет,  еве двајсе, ама  не,  сеа секој сељак е плацГазда.
Пак ке речам државата е крива шо не ги контролира никако.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26066 на: 07 Март 2023, 10:22:13 am »
Не е голден кар проблемот, проблемот  е народот во државата шо е прост и нема своја идеја за бизнис.  Сите бизниси се копија еден на друг и на крај се пропаѓаат еден со друг. Ете овај успеал како прекупец со фирма и сеа цел народ автомаски се префрлаат да се прекупци оти немаат грам ум за нешто друго. Отворете сеа во моментот било кој огласник на фејсбук на било кој да кликнеш ќе ти отвори уше 12коли дека продава. Не се ни замараат ни со полирање веќе, истиот крш само го препродаваат. Тука државата е крива шо не води есап кој колку коли има и сменил во годината и не удри некој данок дебел. Истата работа е и со сите бизниси. Еден отвори самоуслужна во Битола, еве сеа нема кој да ти клај рака на кола све газди се напраја со самоуслужни еден до друг и толку снема работа за сите, му се вртка по некоја кола,  некој почнаа да затвараат. Другарче си направи количка уникатна за ладно цедени кафиња, му тргна,  две недели не поминаја секој газда со бутка на корзо насече иверица за 50 евра и сеа сите продаваат кофи то го/киселини, и така чмаат,  евентуално ако се заеби некој еднаш да купи.
Се сложвам со членот од вакви лајнари ќе си плаќаме поскапо за ѓубре, не е за се снашол некој снајди се и ти работата,  се снашле еден двајца, десет,  еве двајсе, ама  не,  сеа секој сељак е плацГазда.
Пак ке речам државата е крива шо не ги контролира никако.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk


Во Македонија се е вака.

Еден ќе добие добра идеја, ќе се накотат 100 души со истата идеја, демек ќе праеле пари, а уствари е пазар од 2 милиона со се кучиња и мачки.

И само трендови.

Се сеќавам, пред 6-7 години, секој втор фотограф стана. Па купуваа опреми, па да ги извадат парите назад сликаа по свадби, а сликите катастрофа.

На крај ги уништија тие бизниси кои салам вложија во професионална опрема и беа нормално поскапи.

Прашање на време е кога ќе се појави Голден Кар 2, само треба најде место од каде што ќе ги зема повеќето од колите (во случајов овој колку што знам ги продава од рент-а-кар).

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30814
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26067 на: 07 Март 2023, 10:42:04 am »
Пријатели продаваа 10-тина години стара кола со околу 120.000 км поминати. Чувана како што треба, одржувана исклучиво во официјален сервис. Внимателни први газди си беа. Ја огласија, им се јавуваа разно-разни будали, пробуваа да им симнат цена (до степен да биде навредливо и вулгарно), ова било, она било, класични tyre kickers.

Од Голден Кар ја видоа колата, на лице место им дадоа толку пари колку што бараа, сите среќни.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2391
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26068 на: 07 Март 2023, 11:20:23 am »
Пак идиме до то шо тој шо продава сака поќе да добие, а тој шо купва да плати помалку. За нас како купивачи би било убо да има повеќе како голден кар, да има конкуренција и цени нешто пониски.
А кој нема шо да прај нека дреми по огласи нека купва и препродава слободно. Бизнис моделот му е одлчичен, не е како плацевите со крш донесен од горе, све полирано и хемиско напшлакано. Па после како ќе ти се погоди е работата.
Јас стварно не гледам проблем во то шо го работи чоеко. Не знам шо толку е погоден некој тука.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26069 на: 07 Март 2023, 11:34:33 am »
Pogoden e sto mu sobral kola pred nos izgleda. Ja merkal ja tamanel se cenkal i dosol ovoj ja pazarel si ja zemal i sega ja prodava. I normalno ovoj prvicniot sega bez kola mu e krivo sto cekal 1 nedela ne si ja kupil kolata i sega place po forumi kako ovoj onoj necinat vakvi se takvi se.