Ако не се лажам 25-27К беа со ваква опрема (ова е мислам со најјаката опрема само што нема DSG бидејќи тогаш не се нудеше DSG), е сеа ако добил некаков попуст од Јосифов па ете 24.7К сака да ја даде.
Зборувам за 2020 година кога ја купив јас. Мојата нова, со послаба опрема од оваа беше 24К. Немам голем екран, немам matrix led фарови, немам задна камера и 17-ки бандаши имам место 18-ки. Имам плус затемнети стакла, завеси на сите прозори и на заден капак (ми беше важно задниот дел да е скрос затеменет заради децата) и 5 години гаранција и така нешто искомпензирав. Нејсе.
Јосифов претерал со цените тогаш. Мојата е нарачана во септември 2020, во порше, за 24.000, највисоко стајл ниво на опрема (меѓудругото со matrix led, climatronic (3 зони), камери, сензори...), плус доплатив за:
- Фелни Perseus Anthracite 18" со гуми Pirelli Cinturato P7 225-45-18;
- Предни акустични стакла + Sunset длабоко затемнети задно и задни странични стакла;
- lava blue металик боја;
- 5 години гаранција или 100.000км;
- Амбиетално осветлување;
- Side Assist - систем за помош при промена на лента;
- Странични воздушни перничиња и позади;
- Driving mode selection;
- Simply Clever пакет - држач за таблет и двостран под за во багажник;
- вештачка кожа од задната страна на предните седишта;
Еве што се има на неа
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.htmlП.С. иначе која е логиката ако некој купил за одредена цена тогаш, сега да ја продаде поевтино? Цената одсекогаш се формирала врз база на понуда и побарувачка. Што ако некој пред 2-3 години купил за таа цена, сега ја продава за иста или повисока, а за тие пари што ново може да купи сега?
П.П.С. и секогаш, ако се ставите во одредена ситуација, онај што продава ќе се жали дека му нудат ниска цена за нештото и обратно, оној што купува ќе се жали дека е висока цената...