Незнам зошто хејт, тоа си работи човекот. Некој кога сака да купи кола има спремно пари и иде и купува и кој прв ке стигне. Јас Елантрата вечерта ја објавив, сабајле дојде човек остави капар и ја купи одма, ми се јавуваше и тој од Голден Кар ама закасни некој саат.
Логично ми е мене да има мал хејт, и тоа оправдан. Како посредник, треба да додава вредност за да може да го оправда дополнителниот трошок.
Во случај на „постандарден“ плац за половни возила, тоа значи избор на автомобил од странство, носење со сите документи и процедури, техничко и козметичко потсредување и нудење на финален потрошувач. Пример Ауто Велт.
Кај Голден Кар, како што гледам процесот е ловење на возила кои се веќе достапни на МК пазар и потрошувачите и потоа намалување на понудата и зголемување на цените со негов трошок. Ова за мене не е издржлив бизнис модел.
Да има огромна понуда на модели по нормални цени, па он да биде некој филтер за квалитет е ок, ама не и само прекупување и реогласување на возилата. Во тој случај ти како траен потрошувач имаш само штета.