Автор Тема: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020  (Прочитано 41646 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 477
Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« на: 02 Ноември 2020, 16:23:47 pm »




После 9 години возење на половно возило од '98, време дојде за нешто ново. Па кратко размислување помеѓу Mercedes C220 од ~2016, со под 100,000 км кое требаше и да се најде, па да се ризикува со половно возило за таа цена, се решив за нова од салон.

Барав нешто да ми е лично на изглед, да е комотна, со огромен багажен простор, а се тоа да го влече бензински мотор со одлични перфоманси (250нм од 1500 вртежи и забрзување до 100 за 8,2с), а од друга страна да е економично со годишна км од 10-20,000.

Одлуката падна на Skoda Octavia, 1.5 TSI (150hp), style + дополнително ниво на опрема, lava blue + 5 годишна гаранција или 100.000км.
~800км имам поминато само до сега и први впечатоци се wowowow.

Дополнително ниво на опрема:
- Фелни Perseus Anthracite 18" со гуми Pirelli Cinturato P7 225-45-18;
- Предни акустични стакла + Sunset длабоко затемнети задно и задни странични стакла;
- Амбиетално осветлување;
- Side Assist - систем за помош при промена на лента;
- Странични воздушни перничиња и позади;
- Driving mode selection;
- Simply Clever пакет - држач за таблет и двостран под за во багажник;
- вештачка кожа од задната страна на предните седишта;

Стајл ниво на опрема:
- Системи за стабилност при возење – ABS, ASR, HBA, EBD, ESC, EDL, MKB;
- MATRIX LED предни светла со динамична контрола на агол и варијабилна дистрибуција на светлина;
- Full LED задни светла во специјален дизајн со анимиран сигнал за вртење;
- Светлосен асистент – автоматски дневни светла и сензор за дожд;
- 3D Навигациски систем COLUMBUS со 10” дисплеј, Bluetooth, 8 звучници, 2х USB-C порта, Voice Control, интегрирани мапи, 64 GB SSD меморија, WLAN;
- CLIMATRONIC (3 zone) – трозонски автоматски клима уред;
- Virtual Cockpit – виртуелна инструментална табла;
- Камера за паркирање, позади;
- Сензори за паркирање, напред и позади;
- Електрична регулација, преклопување и автоматско затемнување на странични ретровизори со греење, автоматско затемнување на централен ретровизор;
- Темпомат со ограничувач на брзина;
- Hill Hold при угорнини;
- Lane Assist – систем за одржување на коловозна лента;
- 6 воздушни перничиња (предни и странични за возач и преден патник, странични завеси)
- Eлектро-хидрауличен серво управувач подесив по висина и длабочина
- Start & Stop систем за регенерација
- KESSY Advance – централно заклучување/ отклучување без клуч на сите врати
- KESSY Go – копче за стартување
- Висинско прилагодување на предните седиште
- Лумбална регулација на предните седишта
- Smart Link Plus
- Предни и задни светла за магла
- Мултифункционален, дво-крак кожен управувач
- Електро-механичка паркинг сопирачка
- Jumbo Box преден потпирач за раце
- Централен наслон за раце позади, со држач за чаша
- Silver Square Haptic декоративни инсерти во ентериерот
- Надворешен хром пакет
- Електрични стакла на сите врати со комфор ф-ја
- Преграда за наочари
- ISOFIX подготовка за совозачкото и задните седишта
- Асиметрично преклоплив наслон на задната клупа
- Текстилни патосници
- Мрежа за прицврстување + карго елементи во багажникот
- Визуелен и акустичен индикатор за сигурносни појаси
- Челично резервно тркало со алат
- 12V приклучок
- Тонирани стакла
- EU6 стандард на емисија
« Последно менување: 05 Ноември 2020, 08:37:56 am R2D2 »
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7015
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #1 на: 02 Ноември 2020, 16:26:41 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #2 на: 02 Ноември 2020, 16:30:43 pm »
Со здравје да се вози, стави и некоја слика од внатрешност :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3991
  • MadaFunker
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #3 на: 02 Ноември 2020, 16:32:16 pm »
Ајде уште еден нов шкодилак, со здравје да се вози :)
New blood of old school

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 477
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #4 на: 02 Ноември 2020, 16:42:37 pm »
Со здравје да се вози, стави и некоја слика од внатрешност :)
Фала. Да се враќа на сите x100
Здравје да ја исликам добро, дене, ноќе, внатре, надвор... ќе апдејтирам со нови слики.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3157
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #5 на: 02 Ноември 2020, 16:56:37 pm »
Mnogu bezgrizni km 😉

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29533
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #6 на: 02 Ноември 2020, 16:57:58 pm »
Честито!

Ем, вистинските тркала си ги одбрал! :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8616
  • Пичлеме
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #7 на: 02 Ноември 2020, 17:00:14 pm »
Матите нешто со Карпатиан, истата Шкода сте ја сликале и туку отварате теми за Шкода, ќе падни форумот од лајкови ;D

За убоо да е, со здравје да се вози, ама не ставај навлака на волан плиз :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #8 на: 02 Ноември 2020, 17:04:06 pm »
Опааа, Октавија напаѓа на сите фронтови :)

Пред неколку дена возев позади оваква Октавија, помислив дека е Лордот, но таблиците не беа неговите.
Или си бил ти, или врие градов со Октавии во оваа боја :)

Со здравле да се вози.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1484
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #9 на: 02 Ноември 2020, 17:11:00 pm »
Честита !


Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен WastedCobe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
  • Alfa Romeo 159 TBi
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #10 на: 02 Ноември 2020, 17:14:46 pm »
Со здравје да се вози, бандажите изгледаат профи.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13736
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #11 на: 02 Ноември 2020, 17:23:40 pm »
Создравје да се вози колега ;D

Ех бандаФчињата баш ми праат мерак. Немаше за жива глава тогаш се 16-ки или 17-ки за ова ниво на опрема шо зедов јас.

Ништо ќе им направиме една фотосесија ;D 

СЕСРИ! :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 477
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #12 на: 02 Ноември 2020, 17:25:47 pm »
Бојата кога го возев тест возилото, реков дефинитивно таа. Променлива е, колата менува изглед во зависност од светлината и аголот.
Тест возилото беше со оваа големина на бандажи и ептен ме привлече удобноста, а изгледот на бандажите, ги порачав на невидено и дефинитивно не згрешив, барен мене ми е топ изглед со нив.

Планот е наредни недели да ја опремам со еден сет други 16 или 17 алуминиумски со зимски гуми.
Навлаки не, доволно е кожата на задните седишта за заштита од нозете на ќерка ми...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13736
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #13 на: 02 Ноември 2020, 17:28:39 pm »
Мене само ми е страв од истурање работи. Сокче, мокче.

Од Шведска имам таков water repellent спреј за патики. Го испрскав навлаките за мирна глава :)

Иначе, неам јас кожа назад на седиштата. Платно е. Така шо, колку и да внимава малиот (ги вади и патиките дури кога се вози) пак.

И од искуство, Нубирата ми е 20 години, од прв ден исто со навлаки, седиштата се стакло зачувани. Два пати до сега навлаки сум менувал што се искинале.

Да не биле навлалките ќе беа партал, ќе примеа нечистотија и ќе смрдеа ќе корнеа.

Ама секој со еспаот и меракот, не се мешам.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 856
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #14 на: 02 Ноември 2020, 17:30:03 pm »
Со среќа да се вози, чекаме детали од тоа што не се гледа на слики 😀
За бојата, освен на тестов

https://youtu.be/Nwkxw59NsA4

,сите што сум ги видел се со лава блу, затоа и го прашав @Carpathian Lord дали ја земал од лагер или ја чекал.