Почитувани љубители на автомобили,
Јас сум нов корисник на овој форум, и оваа тема ми изгледа како најсоодветна за моето прво прашање, извинете ако грешам.
Размислувам во инвестирање во VW T2, исклучиво за извоз и продажба во странство, Америка и Германија се прва опција.
Ме интересира дали некој има искуство со ваков случај или познавате некој што направил нешто слично.
Иако сум релатвно млад, мојот татко имаше лимарско фарбарски сервис, секојдневно 20тина години пред мене гледав, некогаш и работев/помагав слични проекти. Имам еден куп контакти од сите бранши.За авто делови, тапацери, механика,гуми итн...
Моментално живеам во Америка, имам средства за инвестиција, ме интересира искуство, дали и колку е исплатливо.
Ви благодарам!