Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4095777 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3840
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20985 на: 14 Мај 2020, 13:12:57 pm »
Матна е нешто оваа Џулиета.
Пред некоја год беше огласена од првиот газда за високи 13 000 еур и ја снема за брзо.

Сега наеднаш 8500 со простор за договор и со добар сервис од Аутомобиле Ск.
Се надевам дека правеле таму сервис, ако правеле кај некој локален мајстор уште полошо.

Истиот лош опис го имаше и тогаш.

Извинете, но Има ли некоја кола што не ви е матна на вас.
Секоја кола што се продава по огласиве е матна.
Била 13500 евра па ја снемало.
Може газдата си го ставил онака огласот и си го избришал.
Сега му е изгледа за давање па си пишал пореална цена. Не гледам јас проблем ако е така.

Веќе Постојано и постојано читам на темава се исти коментари. Во секоја манџа ставате сол, а голем дел не ги ни познавате колите што се продаваат

Не се однесуваше ова на тебе @osmica8 туку и на повеќе други членови. Олабавете малку.

Затоа што 99% од колите во МК се со матна историја, особено последниве неколку години откако почна увоз масовно на цело село. Кој купувал на старо знае и од тука е народната: Еднаш ако се изгориш, после и на јогурт ќе дуваш.

Како членови на форумскава заедница се трудиме да си помогнеме меѓусебно (барем јас така размислувам, а би требало сите), на начин што ако некој знае нешто за конкретно ауто, го споделува. А останува на засегнатата страна да си истражи или да игнорира.

Изгорени се повеќето оти ја сакаат најефтинта кола од огласите и со најмалце километри, и после тоа коа купуваат кола повторно, пак бараат исто и се плашат дека ќе бидат зафркнати како првиот пат(секако дека ќе бидат :D ). Се знае дека убаво и ефтино нема, или ако е убаво и ефтино ќе биде со повеќе Км. Кога се работи за кола многу многу многу ретко е да ти се погоди ефтина цена, нова година, одлична состојба и мала километража.
Тука настанува проблемот. Што сите сакаат да заебат некој и на крајот се заебани самите они, па после трговците се криви.
Сите кога се работи за купување на кола за лична употреба си наоѓаат изговори самите или пак веруваат во изговорите на препродавачите за малата километража и состојбата на возилото, а реалноста ја знаеме сите.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20986 на: 14 Мај 2020, 13:17:01 pm »
И двајцата сте во право. Кога се дозволи увозот на сè и сешто, паднаа цените на користените возила кај нас. И сега, некој продава чувана, пазена, мазена кола за (лупам) 10.000 евра, ама „иста“ таква има од Германија увезена со сомнителна историја за 6.000 евра. Цените одат надоле, а луѓето кои имаат саглам коли, едноставно не ги продаваат пошто не им се исплати. И затоа 99% од огласените возила се никакви.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20987 на: 14 Мај 2020, 13:28:40 pm »
Затоа има за 7300 во добра состојба увезена кола ама тој од тука што ја купил пак се осеќа дека има подобра кола иако не е тоа случајот и пак си ја чува.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20988 на: 14 Мај 2020, 13:33:59 pm »
Матна е нешто оваа Џулиета.
Пред некоја год беше огласена од првиот газда за високи 13 000 еур и ја снема за брзо.

Сега наеднаш 8500 со простор за договор и со добар сервис од Аутомобиле Ск.
Се надевам дека правеле таму сервис, ако правеле кај некој локален мајстор уште полошо.

Истиот лош опис го имаше и тогаш.
Што те погоди тебе муабетов?

Извинете, но Има ли некоја кола што не ви е матна на вас.
Секоја кола што се продава по огласиве е матна.
Била 13500 евра па ја снемало.
Може газдата си го ставил онака огласот и си го избришал.
Сега му е изгледа за давање па си пишал пореална цена. Не гледам јас проблем ако е така.

Веќе Постојано и постојано читам на темава се исти коментари. Во секоја манџа ставате сол, а голем дел не ги ни познавате колите што се продаваат

Не се однесуваше ова на тебе @osmica8 туку и на повеќе други членови. Олабавете малку.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20989 на: 14 Мај 2020, 13:35:32 pm »
Затоа има за 7300 во добра состојба увезена кола ама тој од тука што ја купил пак се осеќа дека има подобра кола иако не е тоа случајот и пак си ја чува.

Ама и таа за 7300 нема да се продаде по таа цена, пошто „брат има за 6000, ме дупиш ти со ценава?“

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20990 на: 14 Мај 2020, 13:44:48 pm »
Затоа има за 7300 во добра состојба увезена кола ама тој од тука што ја купил пак се осеќа дека има подобра кола иако не е тоа случајот и пак си ја чува.

Ама и таа за 7300 нема да се продаде по таа цена, пошто „брат има за 6000, ме дупиш ти со ценава?“


Не би рекол, тие први ги снемува секогаш. Тие со кршовите и тие со скапите со месеци, а некогаш и години седат на оглас.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20991 на: 14 Мај 2020, 14:01:23 pm »
Увезена добра кола е реткост. Затоа и толку голема скептичност кај народот и се очекуваат да се многу поефтини. Згора на тоа историјат многу слаб имаат. И згора на се се антички возила.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1763
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20992 на: 14 Мај 2020, 14:05:55 pm »
Проблемот е во тоа што домашните возила не се уникати, додека увезените се 99% уникати.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20993 на: 14 Мај 2020, 14:12:48 pm »
Вчера се возев во такси Дачија Логан со 560к на саат. Во муабет со таксистот, ја купил на ново,

Искрено, вожњата не ми делуваше како да е тотален крш колата.
Аналогно на тоа, кршевите сигурно имаат милионче на саат ;D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20994 на: 14 Мај 2020, 14:23:41 pm »
Вчера се возев во такси Дачија Логан со 560к на саат. Во муабет со таксистот, ја купил на ново,

Искрено, вожњата не ми делуваше како да е тотален крш колата.
Аналогно на тоа, кршевите сигурно имаат милионче на саат ;D

При 2 Хјундаи кои се нерасипливи, од овде купени и си прв газда, ти најде со такси да се возиш?! :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1763
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20995 на: 14 Мај 2020, 14:32:52 pm »
Вчера се возев во такси Дачија Логан со 560к на саат. Во муабет со таксистот, ја купил на ново,

Искрено, вожњата не ми делуваше како да е тотален крш колата.
Аналогно на тоа, кршевите сигурно имаат милионче на саат ;D

При 2 Хјундаи кои се нерасипливи, од овде купени и си прв газда, ти најде со такси да се возиш?! :D

Едвај ги вози колите, затоа се фали дека не му се расипуваат :D

На тема за цена на половни, има зачувани коли од мк купени што си имаат цена на место, како на пример Леонот на @marjanot што беше, али често приметувам и коли со нереална цена. Пример дечкото купил возило Х на ново за 12000 евра, после 10 години и 200к поминати го огласува за 6-7000 евра, па каде бе друже, таа кола може да оди за 4500, повеќе не.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20996 на: 14 Мај 2020, 15:01:58 pm »
Не се матни само увезените, туку и тие купени од тука, штом помине гаранција се бара најевтиниот можен сервис, резервни делови и потрошен материјал....Благој Ѓорев уље ако има такво ќе стави да заштеди 10ден. годишно.

Aко е слупана е тек тогаш е страшно, почнаа да фарбаат коли во нива, пред зграда, ни гаража веќе не е предуслов. ''Ќе ја средиме баце за 200е ко нова''....со даски шајки гипс картон малтер...тоа е најстрашното.

Лотарија е да начекаш здрава кола во МК, најчесто се продава од мене на тебе, не се ни појавува на оглас.


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20997 на: 14 Мај 2020, 15:23:45 pm »
Ја ви кажав дека КИАта за 7.000 и ефтина ќе ви биде за некое време..... :)

Него ако не е UNIKAT, Taze uvozz CH и сл. не ја ни гледам. И најважното, дека колата што ја гледаме е само дел од сликата, треба да се види и сопственикот. Има на форум луѓе од кои би купил кола без да ја видам, а имам и пријатели кај кои ни душман не би пратил да купи кола од нив. Луѓето си се супер, ама кола да не им дадеш.


Него имаше една тема "Које возило од форумов би сакале да го поседувате" или сл. да не знае некок дека да ја барам?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20998 на: 14 Мај 2020, 16:14:07 pm »
Не заборавајте на "CISTO NOVA".

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20999 на: 14 Мај 2020, 22:29:04 pm »
Вчера се возев во такси Дачија Логан со 560к на саат. Во муабет со таксистот, ја купил на ново,

Искрено, вожњата не ми делуваше како да е тотален крш колата.
Аналогно на тоа, кршевите сигурно имаат милионче на саат ;D
Сличен муабет направив во такси во Дубаи ...  колине стакно нови а на саат по 500к за 3-4 години... викаа редовно сервисирање секоја недела на 5к менување масло и филтри и на 700к вика обично за 3-4 години колата иде у ритајар моде и се префарбува и иде на пазар експорт за турција, пакистан или индија... 90% од такси колите се Хјундаи, Киа, Тојота


https://www.dubicars.com/2017-hyundai-sonata-321852.html


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."