Се купува скоро нова кола, која нема да има никакви проблеми во наредните 100к Км, а притоа најголемиоt дел од depreciation кај нова кола го изел некој друг
Штом истече фабричка гаранција немаш никаква гаранција дека нема да има проблеми = 50/50.
И најбитното е што ауто кое коштало 30, 40, 60к ново ќе има цени за одржување како кога било ново. Без разлика што сега можеш да го купиш за 1/4 од цената, деловите и сервисот остануваат иста цена. Убаво објаснија Саше и Марјан погоре.
Знаејќи го овој податок се прави следнава проста математика:
1. Имаш 17000 и сакаш кола што нема да ја мислиш наредни 5год. купуваш ново што има за тие пари = разумен избор ама ќе сретнеш многу муабети од стилот на: ,,Глупак! Па за 17000 имаш ауди тедеи, мерцедес аем ге, бемве ем пацкет. (џвака пластично лажиче од кафемат) Ја ќе ти кажам баце.“
2. Имаш 17000 и сакаш сите да ги фукнеш на половно ауто што некогаш коштало х2 х3 = не си пресметал добро. Седни разлистај каталози за делови и јави се по сервиси, гаражички, другари и отпади па израчунај пак колку кошта да ја држиш во возна состојба и додај х2 на тоа.
3. Имаш 30000 и сакаш кола што ќе ти прави мерак наредни 5год, купуваш на старо за 17000 и другите 13000 ти се да ја средиш и одржуваш наредни 5год. = разумен избор кој ќе наиде на муабети како: Пфффф глупак! За 30к имаш клио и стан во Кочани (гужва ливче со 50ден уплата) пу датиее пак ме заеба една утакмица за миљон евра“
4. Никогаш не си купил кола и најверојатно немаш возачка ама си отворил пазар3 и мобиле.де два пати па сега си најпаметен на форум, во кафич и кадилница, баце. (не се однесува ова на тебе Skywalker, oпшто зборам).