Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4145779 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10488
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20370 на: 06 Јануари 2020, 00:13:02 am »
Дека ќе земит некој кола за 4 години мене да ми е продаде за јас да возам нова кола за ефтини пари малу сумљиво ми е. Или па ја отепал од возење или напрајл судар можда па ја продава. А и помалце коњи има фиестат од ауди. Крај краева не си застанал пред олтар, ќе го повозиш, ко ќе дојде за голем сервис ќе го шитниш, живот иде даље.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20371 на: 06 Јануари 2020, 00:34:16 am »
Дека ќе земит некој кола за 4 години мене да ми е продаде за јас да возам нова кола за ефтини пари малу сумљиво ми е. Или па ја отепал од возење или напрајл судар можда па ја продава. А и помалце коњи има фиестат од ауди. Крај краева не си застанал пред олтар, ќе го повозиш, ко ќе дојде за голем сервис ќе го шитниш, живот иде даље.

Па да, „прикрпи ја и шитни ја“ е токму оној ментален склоп на финансиски несозреана единка која купува такво возило на сам почеток.

Си има чергата своја должина.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3873
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20372 на: 06 Јануари 2020, 00:42:01 am »
Аудито е пак поарно од фиестата. И фи3стата нема да биде нова, па и по неа ќе даваш пари, повеќе или помалце. Е да ја земиш нова, со гаранција, со 5 години сервис, пеки. Не би дал 16.000 евра за стара кола, но измеѓу стара фиеста и старо аури би избрал ауди. Делој имаш и половни оем, што во некоја случај може да испадне и подобро, а и на 10 год стара кола да дтаваш нови делој нема смисла, оти делот ќе трае уште 10 год, а колата 5 . Освен нели филтри, кочници, интакви работи. Али маф сензор за гти од 96 та е 200 евра, бобина е 9000 денари (оригинал), па тоа е пола кола, нормално дека ке вараш на старо за 50 евра...
Аудито е постабилно, по безбедно, не е само чаламот, и нормално дека основен сервис ќе биде поскап, нема тука никој што да се чуди.
Другар сакаше колата да му корне, си зеде голф 3 од 96 та со 2.8 мотор, во 3-та прајт шлајвки по 25 метра среќен е , ко дете мало е, само ја дрифтат, па сега како е предходно возена не е битно, али никој не ја зел да ја вози домаќински. Значи битно да ти е ќеф дур ја возиш, па сега сервис мајстори, за секоја кола се плаќат, а ќеот нема цена. Новатљ фиеста 3 пати да ја исшлајфаш ќе бараш белегзии по пат :) не сите имаме исти сфаќања за животот.

Не си свесен колку голема разлика има во одржување на кола стара 2 години и на кола стара 10-12 години. Ни приближно. Аудито за да го одржуваш во топ форма ти требаат 3 пати повеќе пари одколку за фиестата на пример. Предни кочници(дискови и плочки АТЕ) за Ауди А4 2009год. се 17.000 денари, за фиеста се 7000 денари. Држачи на мотор, греачи, маф сензори, ламели, алтернатор, акумулаторот е 50% поскап, гумите се 50% поскапи, протокомери.... триста глупости има. Одржување на стара скапа кола е скапа работа. Затоа после има по огласине се бараат дискови настаро, стакла настаро, се и сешто настаро зошто новите делови на сите им се скапи.

 Накратко кажано на Фиестата наредните 5-6 години освен редовен сервис и гуми нема да смениш ништо. Кај Аудито сметај си минимално 100 евра месечно дека си ги лапа (во најдобар случај)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10488
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20373 на: 06 Јануари 2020, 01:24:25 am »
Ретко кој продава кола стара 2 години за ефтини пари. Освен тумбана можда. Сега повисока класа поскапи се долојте и то е нормално, немат што да се чудиме тука.
 
Дека ќе земит некој кола за 4 години мене да ми е продаде за јас да возам нова кола за ефтини пари малу сумљиво ми е. Или па ја отепал од возење или напрајл судар можда па ја продава. А и помалце коњи има фиестат од ауди. Крај краева не си застанал пред олтар, ќе го повозиш, ко ќе дојде за голем сервис ќе го шитниш, живот иде даље.

Па да, „прикрпи ја и шитни ја“ е токму оној ментален склоп на финансиски несозреана единка која купува такво возило на сам почеток.

Си има чергата своја должина.
Немат што да крпиш, ко што си ја зел скоро така и ја продаваш.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6786
  • Бенве сие бенве
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20374 на: 06 Јануари 2020, 06:54:18 am »
Сервис на фиестата е 50еур сите филтри и бренд уље. Манн филтер за клима на бенвето е 4500ден. За нафта 2200 уље литар 900ден х7л за возфух и уље не се сеќавам. Две предни рамења со попуст 250еур, случајно вртев по нет цени на делови и гледам летва нова 3200еур, а на фиестата ја купив нова 185еур. Пластиката на ретровизорот на фиестата ја скршив, нова околу 800ден беше, додека ја фарбаше мајсторот го изгуби жмигавецот па и тој ококу таа цена знам го купив нов. Кај бенвето не сакам ни да знам колку пари ќе биде. Си имаат поголемите класи на коли скапо одржување, затоа кај нас скоро сите се канти.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20375 на: 06 Јануари 2020, 08:42:55 am »
Само да знаете колку често гледам како отвараат врата наместо прозор да земат тикет за паркинг.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20376 на: 06 Јануари 2020, 10:25:26 am »
Другарче купи Suzuki S-Cross, ново, од салон. Ја провозав колата, прекрасна е. Башка, беше напукана со опрема, солидно.

Ако не се лажам, му испадна 17.000 или 18.000 евра.

Седиме на маса, откако се вративме, откако ја провозав и го пофалив за изборот, пошто стварно добар впечаток ми остави возилото.

Од другата страна на масата слушам прашање "Колку, колку ја плати!?"..

Му одговара - 17-18.000..

Следуваше одговор, од "стручњаците" - какво Ауди се купува за тие пари..

Е какво Ауди се купува бе друже, му викам..

Ауди, Ауди..

Се е кажано. Не џабе викаат дека големината на колата е обратно пропорционална со големината на половиот орган на сопственикот.

Братучед пред 4-5 дена се поднови со нова Корола, 1.6 бензин со 132 кс и "бизнис" ниво на опрема.

Кога влегов во неа, имаше 223 километри на саатот. Мирисот на нова кола за мене е непроценлив.

Нема половно Ауди на овој свет, за 16-17.000, што би го одбрал пред новава Тојота.

Чао, пријатно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20377 на: 06 Јануари 2020, 10:37:06 am »
Тојотата 6 години гаранција, а Сузукито колку има?

Кај тојотата само бензин, масло филтри и регистрација е трошокот првите 10 години. А и кај сузуки треба да е исто.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20378 на: 06 Јануари 2020, 10:45:33 am »
Така де..

17.000 евра за ПОЛОВНА кола е нон-сенс. Каква сака нека е.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20379 на: 06 Јануари 2020, 11:07:20 am »
Ауфф да видиш какви коли има за 17к, само не треба да те боли главата за погореспомнатите цени од Марјан.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10975
  • 430i
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20380 на: 06 Јануари 2020, 11:19:39 am »
Така де..

17.000 евра за ПОЛОВНА кола е нон-сенс. Каква сака нека е.

ти го сфаќам муабетот, ама не се согласувам дека е нон-сенс



ова е само еден пример, а има со лопата да ринеш

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20381 на: 06 Јануари 2020, 11:29:39 am »
Се купува скоро нова кола, која нема да има никакви проблеми во наредните 100к Км, а притоа најголемиоt дел од depreciation кај нова кола го изел некој друг :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20382 на: 06 Јануари 2020, 11:36:03 am »
А, овие Алфите се од тие доверливите коли.

Кога ќе дадеш 17.000, кеш, треба да имаш бар уште 3.000 настрана, just in case.

И, оп, веќе не е 17.000, него е 20.000.

Нејсе, не ми беше тоа муабетот. Муабетот ми е во ист правец и ако се работи за половна кола - во секое време одбирам Фиеста од 2014-та пред А6 од 2004-та.

Знам дека можностите во моментов ми се толку, редовен сервис од 50-60 евра, регистрација до 250 евра, потрошувачка 8-на-100 максимум и кога ќе треба да сменам некој дел, да не треба кредит да подигам.

А на кола стара 5 години е помалку веројатно дека ќе менувам нешто неплански, отколку на 15 години стара кола. Цената на деловите, еве, не ја земам во предвид, мада мора.

И за Алфата - сигурно во наредните 10 години повеќе ќе ме кошта одржувањето, отколку Тојотата. СИГУРНО.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20383 на: 06 Јануари 2020, 11:43:20 am »
Малку историја :)
Кога се одлучив да менувам кола имав во план да си купам ново количе (2003). Имав нешто кеш +југото да го продадам за учество и остатокот кредитче. Можностите ми беа опел астра класик, или форд фиеста, пунто и слично.
Арно ама во тоа време владееше еуфорија за коли од увоз и никој не беше заинтересиран за Југо.
Налетав на оглас за Фиат Типо со можна замена.
Југото ми беше во топ форма од технички аспект (колку што може да биде во даден момент)
Типото беше доста запуштено, гледав дека ќе треба минимум 1.000евра да го дотерам технички.
Не прифатив надевајки се дека ќе излезе поубава прилика.
По неколку месеци ми се јави повторно сопственикот на Типото и се договоривме.
Фрлив можеби повеќе од 1.500 евра за една година и успеав да го средам.
Нормално, наредните години постојано си бараше неколку стотки на тековно одржување покрај редовните сервиси.

По неколку години излезе Дачија Логан. Еден колега си зеде и ја пробав. Супер си беше колата.
Наредни неколку години тој си менуваше само уље за разлика од мене што секогаш нешто искрснуваше.

Поентата ми е дека 95% од колите постари од 10 години што се по огласи ќе си бараат почетно инјектирање од минимум 1.000 евра и да се смета на околу 500 евра годишно за одржување (без редовен сервис) и согласно на тоа да се измери чергата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #20384 на: 06 Јануари 2020, 12:03:29 pm »
Така де..

17.000 евра за ПОЛОВНА кола е нон-сенс. Каква сака нека е.
Па сега има половна 1-2 години со уште 2-5 години преостаната гаранција за 17000 како Инсигнија/308/Фокус. А има и BMW X3 од првите - како што имаме примери актуелно на форумов.

И двете се половни. Обично ги препорачуваме првите, а многу ги избегнуваме вторите.