Другарче купи Suzuki S-Cross, ново, од салон. Ја провозав колата, прекрасна е. Башка, беше напукана со опрема, солидно.
Ако не се лажам, му испадна 17.000 или 18.000 евра.
Седиме на маса, откако се вративме, откако ја провозав и го пофалив за изборот, пошто стварно добар впечаток ми остави возилото.
Од другата страна на масата слушам прашање "Колку, колку ја плати!?"..
Му одговара - 17-18.000..
Следуваше одговор, од "стручњаците" - какво Ауди се купува за тие пари..
Е какво Ауди се купува бе друже, му викам..
Ауди, Ауди..
Се е кажано. Не џабе викаат дека големината на колата е обратно пропорционална со големината на половиот орган на сопственикот.
Братучед пред 4-5 дена се поднови со нова Корола, 1.6 бензин со 132 кс и "бизнис" ниво на опрема.
Кога влегов во неа, имаше 223 километри на саатот. Мирисот на нова кола за мене е непроценлив.
Нема половно Ауди на овој свет, за 16-17.000, што би го одбрал пред новава Тојота.
Чао, пријатно.