Добро истестирај го менувачот пред да го купувате. Тестирај го на ладен и загреан мотор. Види како менува брзини на споро забрзување при помали обртаи и на полна туража. Забележи како ги шалта од поголема кон помала брзините. Тестирај на S ознаката за менувачот (да трга со 1ва брзина). Промената на брзините треба да биде мазна и глатка без потскокнување или цимање. Кога го ставаш во D и пуштиш одма кочница, треба да тргни за 1 секунда макс. Доколку случајно заглави во некоја брзина ( за ова треба подолго време да се вози и тешко се тестира, но на дијагностика го покажува) тогаш електрониката треба да се репарира или замени.
Менувачот ако не е ко шо треба, ретко да го оправи некој во Македонија.
Кога се пали ладен, ланецот не би требало да штрака. Ама за ова да го забележиш, треба да им појдеш пред да отворат и да не е запалена колата подолго време. Ако е запалена пред некој час, нема да штрака или многу кратко трае штракањето и нема да забележиш.
Друга работа, каде бе ваква кола со гумен волан?!
Аирматикот е отфазла, оти и тој тешко се средува. На сите форуми препорачуваат да се избегнува. Сум немал искуство.