Покрај малото зголемување на волуменот, има куп промени на моторот, ралзични инџектори, повисок притисок на убризгување, не сум сигурен но мислам дека бројот на инјектирања во еден цикулс е зголемен од 5 на 8, ревидирани егр и дпф, друго турбо, потивок е поеластичен е, поштедлив е. 136 кс верзијата е направена за да се задоволат некои норми за ЦО2 кои се привлечни за флотни дилови (компаниски возила, рент-а-кар, и сл..). Турбото е повисоко поставено за да се смести катализаторот и дпфот поблиску до издувната грана со што се намалува количеството на чад што се собира во системите... Покрај тоа, 159 MY 2008 има ревидирано подвозје, некои делови се заменети од челик во алуминиумска легура (намалена unsprung weight), сите доаѓаат со Brembo лесни кочници, дури и бандашите, оние 17-ки стандард што идат, се полесни, што доведува до вкупно олеснување од преку 40кг, од кои голем дел отпаѓа на unsprung weight.
Ако има среќа тој што ќе ја земе, многу веројатно дека ќе му се погоди и подобриот F40 менувач, наместо често проблематичниот М32.
Јас пре би земал 2.0 136 од 1.9 150кс во секое време.