Проверувам по огласи ѕвонам по луге што продаваат, се договарам да купам кола.
Најдов неколку што можам да си ги дозволам, крајно до 2300 еур дизел, и 1900 еур бензин ( се двоумам што да биде, дизел, бензин - мислам дека нема да возам многу).
И сега испадна нов момент.
Денес се видов стариот мајстор што ми го сервисираше југото плус и комшија ми е, го прашував за совет околу автомобили, кои се покажани до таа цена како најдобри.
Тој ми вика, дека имал пријател кој носел коли од бугарија, му звонеше пред мене на мобилен да го праша колку пари за него провизија итн.
Мислам дека нема да сакаат да ме сјебат и ми ги земат парите, бар не е таков мајсторов.
Човеков што увезува вика дека терба да си платам сите трошоци за до бугарија и назад, префрлање на наши табли, плус провизија за него 50 ЕУР.
Ќе ве молам за ваше искуство со увоз на автомобили до таа цена ( пунто, астра ц, поло, случајно голф 4, пасат ) и општо за процедурата.
Да не ме кошта поскапо од колку тука веќе увезен да купам, оти викаат дека
Увозниците одат се враќаат со цел камион коли, помали вкупни трошоци и автоматски истото возило ако го земаш сам како во мојов случај, ќе испадне поскапо?