Во врска со Акордот претерувате по неколку точки а посебно по онаа дали треба или не треба да има гребаници и дали е маана или не е ако има гребаници.
Сакам да нема гребаници, грешка ли е?
Да, маана е ако има гребаници.
Не, тоа што е возена во одреден град не ги оправдува гребаниците туку кажува колку е пазена и кои му се сограѓани на сопственикот на колата.
И најважно, посебно за цената за 10 годишна кола, не смее да има недостатоци туку минимални истрошувања како за десет годишма кола со 100,000ккм.
Нормално, можеби ќе прифатам и поистрошена кола пошто немам или не ми се даваат толку пари во дадениот момент, но не и за 7500 евра за конкретниов модел.
Едно мое видување и критериуми.