Сериозно има народ што бара тазе фарбана тумбана кола. Јас на пример кога го продавав Калосот доаѓаа луѓе што појма немаа од коли и се фаќаа за гребаница, правење драми ко да ќе падне моторот у вожња на сред коловоз, имав дури и една изјава од постар човек “дечко колава е многу удирана“ за гребаниците од клуч

) Дојде човек со пријател мајстор, си ја виде колата, ја проба, имаше осет да процени и ја купи. Грото од народов се пали на шминка и после дремат по гаражи со ремонти и слично....
Кај нас и во оваа доба се продаваат две работи: ЕФТИНО и ШМИНКА.
Ај ќе купиме кола што вреди харикирам 5000е за 3000е, па човече тоа е супер зделка! 2000е у џеб! И после во 90% од случаевите лупаме глава за проблемите и пак тие 2 бона ги даваме + нервозите и изгубеното време.
Не викам дека Акордот е ефтин, но штом не е ефтин, најчесто вреди (нормално има и луѓе што претеруваат со цената и не сум го видел Акордот за да тврдам, затоа велам најчесто). Има едно кардинално правило што постои од век и векова и гласи “ако сакаш да знаеш што е добро, прашај што е скапо“.