Ако зимам Самсунг ќе биде С8, не +. Многу е голем +от и ми е глупо, не гледам намена на толкав екран и телефон да влечам со мене, и големинава на S6 edge ми е одлична. Јас радо би земал IPhone 7 да не му беше толку шит екранот, тоа ми е и најголема замерка кај 7+ - големината на екранот и телефонот, додека пак камерата и фингерпринт сензорот му се одлични и верувам подобри од на самсунгот. Ако ништо друго на пологични места се позиционирани. Јас или возам или сум седнат на биро, така да фингепринтот напред ми е многу по корисен него ли воа глупостиве назад, а додека возам и сум на биро ирис скенерот не ми врши работа зошто морам да го земам телефонот и да го поставам пред мене за да ме скенира, ај додека седам у канцеларија ќе помине, ама додека возам нема шанси, многу одземање на внимание ми е. Сепак верувам екранов ќе биде спектакуларен, а и дизајнов му е добар со скоро цела предна маска што е екран и со минимални рабови.