Ако твојот Алкател и на Дени Ноутот ги имаат "истите" можности, онда комотно земи Нокиа 3310, пошо и она ги има "истите" можности, и барем батеријата ќе држи поише. Башка апла буџет телефон - добивка за сите, особено за тебе како корисник.
Уау, МАРЈАН купил ајФон со проблем, и нормално дека тоа ќе се земе како референца за фаличноста на уредите на Епл. Океј, не ме чуди оваа "логика", особено на овој форум.
Никој не те тера да плаќаш шитлоуд оф кеш за нешто што не одговара на твоите преференци.
Тоа што ќе извадиш на маса у Броз, најмалку има врска со телефонот што го имаш. Тука веќе се сведува на оној сеприсутен натпросечен идиотизам.
Те молам објасни ми ја разликата во можностите на двата телефони, без да претеруваш со Нокиа 3310 споредби, воедно имајќи ја на ум ценовната, и класната разлика на двата телефони. Што правиш ти со телефонот, за да е толку супериорен над конкурентен Андроид уред? Кои можности ги има твојот телефон, а ги нема конкурентниот Андроид телефон?
Еве јас ќе пробам:
- сакаш да сликаш нешто што сакаш да го запаметиш. Arguably, со едниот од тие телефони ќе има маргинално подобра слика, но двете ќе бидат одлични слики.
- сакаш да провериш имејл. Инсталираш gmail апликација на двата, отвораш мејл и проверуваш. Каде е тука Ајфонот супериорен?
- сакаш да отвориш резултати од спортска. Дали Ајфонот со неговата супериорност магично ќе ги направи резултатите во твоја полза? Не. И двата телефони ќе ја покажат истата содржина, со разлика во милисекунди, кои ако некој се преправа дека ги забележува, е тотален идиот.
- сакаш да погледнеш видео на Јутјуб. Ретина наспроти АМОЛЕД е често начната дискусија, која исто толку често завршува во полза на Самсунговиот АМОЛЕД. Но, и двата екрани даваат извонредна слика во секој случај.
- на крај доаѓаме до преференција на оперативниот систем. Ти сакаш „едноставен“ иОС, јас сакам „детски“ Андроид. Едниот кочел, другиот батерија трошел. И двата на крај ќе ти проверат мејл, ќе ти отворат видео да видиш како маченце бутка чаша од шанк, ќе заѕвониш на другар да честиташ роденден, ќе видиш како Ван дрви дека боље е да се труеме на јаглен, и тако даље.
П.С. Да, и мојот Алкател ги може сиве овие работи. Само квалитетот и искуството правејќи ги овие работи е соодветно прилагоден на ценовниот ранг во кој се наоѓа. Јас сум помирен со тоа бидејќи знам дека во суштина ги можам истите работи како и вие.