Штрумф, ајФонот го џеилбрејкуваш по 17 минути од купување, а Дроидот нејќеш ни на најнов ФАБРИЧКИ софтвер да го стаиш. Не знам, како намерно да се трудиш да го замразиш.
Сабајле возејќи се во автобус во темава прочитав неколку совети како да се справиш со цедењето на батеријата. Ти не се потруди да употребиш ниедно. Пак ме асоцира на намерно замрзување.
Марјанот ти се понуди да ти го среди телефонот, (веројатно) и него ќе го одбиеш...
Мислам дека е време да се обидеш. Знам дека "ајФон у срцу, гробари пичке" ама додека не набавиш ајФон, уживај во trouble free телефон со некое од решенијата.
П. С. Како што подеднакво сакам и дизел и бензин, подеднакво сакам/мразам и Дроид и iOS. Да ми даеш ајФон 4Ѕ сега веројатно би се ослободил од Алкателов иако сум добивал коментари "еј на ајФон личи" и "мислев ајФон имаш". Од друга страна да ми даваат "шеска" веројатно ќе одбијам и ќе одам на М8 или Z2. Се си има свои бенефити и недостатоци, ама кога више си заглавил со тоа говно, оспособи го и не се убедувај дека може да проработи на фабрички софтвер.