Дени еве ти мое мислење вака
Си ги сакам андроидиве доста и скоро се иам бар малце прочепкано.
Одма ке ти кажам при овие M7 без размислување, не за џабе го купив и јас, двапати
зашто?
Neksus-от е океј, 4ката така така 5ката е поинтересна ама по мене не е тоа тоа. чистиот андроид е како што рече и Џизс доунгрејд. Немаш никакви дополнителни функции, а брзината при оваа конкурениција нема ни да ја осетиш. Некако еве и јас ете и Андреја неможе да живее со него. Ипак е можда до навика и филингот али како и да е у никој случај не би го погледнал.
LG-то е супер телефон на хартија. Во пракса е ОК. Значи колку и да сака LG да се доближи до побитните, едноставно ги прави погрешните чекори, over and over again. Верзијата на Андроид е тиње! Ајде еве рецимо и тоа се решава со кастм рмови и се ама зашто? Квалитетот не е тој тој, нормално, а за мене копчето позади е класичен деалбреакер.
LG- е сеуште компанија која незнае кој пат да го фати. Направи LG G2 што е сосема ок, ама не направи пари со него, па ајде ке искривуваме телефони и се роди Џ флекс, па сеа незнаеа што да праат ај ке ставиме QHD екран на телефонот, ќе го имаш а нема да знаеш дека го имаш пошто нити една апликација во моментов не подржува поголема резолуција од Full HD и Ultra HD. Така да освен позадината на телфонот немаш никаква разлика. Со дизајнот сакаа да отидат како премиум и наместо тоа да го направат до крај, направија пластична маска со алуминиум изглед. :S ТОа ти е ко да купиш сеа Хјундаи И30 со повеќе опрема, а у реалност добиваш многу помалце, пошто нити кожата не е кожа нити радиото не е радио :S Ок е телефонот, интересен е го имав во мисла едно време ама едноставно не ми остави до толку позитивен впечаток.
ХТЦ М7, го избрав, најмногу поради изгледот и сенсот. Подобро оптимизиран андроид о ХТЦ сенс нема. Лесен за снаоѓање а доволно иновативен и интересен. Секогаш знаеш што и каде како у голф едноставно копчето е таму каде што треба да биде. Екранот е доволно голем за мене пример, иако м8 уште подобро би ми дошол али финансии ограничуваат нели. Досега еве 2 ОНЕ што го имам, ниту еднаш не ми има закочено. Другиве верувај дека ке има моменти да треба да вадиш батерија. Е тука неможеш ама нема ни да имаш потреба. Не го оптоварувам многу, ама знам да изиграм некој игри. Вифи дома ми е нон стоп уклучен, односно секогаш ми е уклучено ви-фи то и батерија трае, ако немам работа и го оставам на раат и 4 дена стои. А со нормално целиот ден ми го тера без проблем. Значи денот ке го помине батеријата со убаво расчепкување. Еве у последно време, 100% наполнет телефон, станувам проверувам мејлче фејсбуче мејсбуче ова она сабајлечки, зборам на телефон. ке ме мрзи да го отворам лап-топот па на тел ке проверам уште катаљарда глупи форуми и слично. ако искочам обично. 3џ користев во охрид кога бев активно. значи со 100% батерија тераше по цел ден плус пуштен хотспот. не зборам 24 саати дека бил на 3џ-то али минимум 6 саати секако. 5-6 саати со џпс возам точак и се троши само 20 посто батерија. ЗНачи тоа мене ми е сосема доволно, има многу подобри ама мене ми е таман. Најлошата рабнота е камерата која ти никогаш нема да ја уклучиш така да тоа не е проблем
