Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1470883 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3360 на: 17 Август 2014, 20:43:06 pm »
За мене чист андроид е downgrade. Освен брзина ништо друго не понудува.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30846
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3361 на: 18 Август 2014, 00:01:55 am »
Се слагам. Користев Нексус 5 еден ден и ми пукна филм. За новиот Андроид не знам, па не можам да коментирам.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3362 на: 18 Август 2014, 00:20:08 am »
Јас година дена можда користам нексус, чисти андроиди и не би мењал баш. Една другарка имаше г2 и во споредба со н5 кава сецка и каде каде побавно отвора.
Инаку и јас го чекам н6 кава да видиме какое биде, што ке понудат и која цена ке биде.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3363 на: 18 Август 2014, 00:20:37 am »
Добро, да не ги гледаме спецификацииве на хартија. Си користел ли некогаш Нексус? Барем една недела. Чистиот андроид и те како е предност, голема предност :) На некого може да не му се допаѓа поедноставниот дизајн, што нема да биде веќе случај со новиот Андроид Л. Но од аспект на мазно и брзо работење, Нексус ги прави пепел сите останати :)

п.с Со новиот Андроид Л е направен голем напредок. Нереално е колку е стабилен а е уште во бета, тек кога ќе дојде финалната верзија. Дури и луѓе по форуми кои се наклонети кон иос го признаваат ова. Едвај чекам да го пуштат официјално.


Couldn't agree more!!! Според мене, убавината и леснотијата на користењето на ванила андорид е неспоредливо со overloaded верзиите на другите производители. Користам повремено М8, телефонот е стварно добар (патем невероватно колку се лизга од рака), и брз и убава слика и се, ама пак нексусот ми е врв и да по-responsive е нексусот иако е скоро година дена постар. Јас сакам едноставен андроид а се што ми треба дополнително ке си го инсталирам по избор.

Иначе јас баш и неможам да речам дека имам проблем со батеријата на нексусот, барем два дена терам сигурно.

Јас би заобиколил се што е самсунг, освен можеби Ноутот, али па тоа е премногу пари во секој случај а и секако не ми е убав.

Едит: И јас ке си почекам нексус 6 иако немам никаква потреба да го сменам 5ката, како што претходно и немав да ја сменам 4ката која патем сеуште си работи екстра кај еден другар.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3364 на: 18 Август 2014, 00:24:55 am »
Два дена велиш? Дали исклучуваш Wifi, 3Г, брајтнес и слично?

Ако со замарање (сурфање и читање) држи еден ден било кој смартфон - тоа е премија. И е доволно. Ако го истера денот од 8 сабајле, до 2 сабајле - телефонот си ја завршил работата и може да отспие на полнач.

Повеќето не го можат тоа.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3365 на: 18 Август 2014, 00:35:22 am »
ЊиФи и 3г ми се постојано вклучено со тоа што на работа и дома сум на ЊиФи. Не сурфам којзнае колку, али користам тапаталк, инстаграм, фб, 9гаг (највеќе ова), мејл синхронизација итн и обично правам околу 40-60 мин дневно муабет. Кога одам на пат активно користам ГПС и тогаш ми трае скоро еден ден.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3366 на: 18 Август 2014, 00:48:48 am »
Со цело време уклучен 3Г 2 дена? Нема шанса. 3Г на кој било телефон цица батерија ко бебе цицка. Покажи скриншот колку време ти е на батерија.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3367 на: 18 Август 2014, 00:52:47 am »
Со цело време уклучен 3Г 2 дена? Нема шанса. 3Г на кој било телефон цица батерија ко бебе цицка. Покажи скриншот колку време ти е на батерија.

Моментално ми е на пуњач, а не реков дека е 2 дена на 3г, туку дека никад не го гасам, а додека сум на работа (8,5 - 9 часа) и дома сум на wifi. Ке постнам скриншот за 2 дена :)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3368 на: 18 Август 2014, 00:55:15 am »
Договорено :) Јас тазе земав нова батерија за С3, претходната ми набабри, 800 ден, спроти Симпо.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3369 на: 18 Август 2014, 01:02:49 am »
Си можел и кај симпо, одма до салонот има мобилара Др. Мобил исто е 800 денари... барем да не преоѓаш улица, опасно е :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3370 на: 18 Август 2014, 10:17:24 am »
Нексус 5 наспрема LG G2 со ванила андроид или со HTC Sense 6...  Зависи против кој сакаш да го такмичиш.

Гледам ставаат дифолтен киткат на ЛГто за да го сменат брендираниот, и се добива формула како Нексус 5, со згора на се бенефитите на ЛГ Г2. Овие два телефона се истиот телефон на ЛГ само нели Г2 треба да е изјачаната варијанта која треба да е и поскапа. Само сега помина некое време и се иста цена. И прашањето е зошто да би земал Нексус 5, ако можеш да му го земеш појакиот брат за иста цена.
Без рут, без ништо се става лаунчерот од Нексус пет комплетен ист да е со Нексусот на ЛГ Г2.

Поентата на Нексус е што е толку многу ефтин. Ама како што гледаме сега не е веќе толку ефтин во моментов, зошто е иста цена. Во сите ривјуа е „You cannot beat that for 350$" ама тој најјак муабет паѓа во вода зошто веќе другиве се толку пари.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3371 на: 18 Август 2014, 10:31:52 am »
Ok, нека се иста цена Н5 и Г2, тогаш земи ги двата телефони во раце (едниот во лева, другиот во десна :)) па види чија изработка повеќе ти се бендисува. И да не заборавиме дека не Н5 ке имаш побрзо нови верзии а за ЛГ незнам колку време им треба.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3372 на: 18 Август 2014, 13:37:54 pm »
Дени еве ти мое мислење вака
Си ги сакам андроидиве доста и скоро се иам бар малце прочепкано.
Одма ке ти кажам при овие M7 без размислување, не за џабе го купив и јас, двапати

зашто?

Neksus-от е океј, 4ката така така 5ката е поинтересна ама по мене не е тоа тоа. чистиот андроид е како што рече и Џизс доунгрејд. Немаш никакви дополнителни функции, а брзината при оваа конкурениција нема ни да ја осетиш. Некако еве и јас ете и Андреја неможе да живее со него. Ипак е можда до навика и филингот али како и да е у никој случај не би го погледнал.

LG-то е супер телефон на хартија. Во пракса е ОК. Значи колку и да сака LG да се доближи до побитните, едноставно ги прави погрешните чекори, over and over again. Верзијата на Андроид е тиње! Ајде еве рецимо и тоа се решава со кастм рмови и се ама зашто? Квалитетот не е тој тој, нормално, а за мене копчето позади е класичен деалбреакер.
LG- е сеуште компанија која незнае кој пат да го фати. Направи LG G2 што е сосема ок, ама не направи пари со него, па ајде ке искривуваме телефони и се роди Џ флекс, па сеа незнаеа што да праат ај ке ставиме QHD екран на телефонот, ќе го имаш а нема да знаеш дека го имаш пошто нити една апликација во моментов не подржува поголема резолуција од Full HD и Ultra HD. Така да освен позадината на телфонот немаш никаква разлика. Со дизајнот сакаа да отидат како премиум и наместо тоа да го направат до крај, направија пластична маска со алуминиум изглед. :S ТОа ти е ко да купиш сеа Хјундаи И30 со повеќе опрема, а у реалност добиваш многу  помалце, пошто нити кожата не е кожа нити радиото не е радио :S Ок е телефонот, интересен е го имав во мисла едно време ама едноставно не ми остави до толку позитивен впечаток.

ХТЦ М7, го избрав, најмногу поради изгледот и сенсот. Подобро оптимизиран андроид о ХТЦ сенс нема. Лесен за снаоѓање а доволно иновативен и интересен. Секогаш знаеш што и каде како у голф едноставно копчето е таму каде што треба да биде. Екранот е доволно голем за мене пример, иако м8 уште подобро би ми дошол али финансии ограничуваат нели. Досега еве 2 ОНЕ што го имам, ниту еднаш не ми има закочено. Другиве верувај дека ке има моменти да треба да вадиш батерија. Е тука неможеш ама нема ни да имаш потреба. Не го оптоварувам многу, ама знам да изиграм некој игри. Вифи дома ми е нон стоп уклучен, односно секогаш ми е уклучено ви-фи то и батерија трае, ако немам работа и го оставам на раат и 4 дена стои. А со нормално целиот ден ми го тера без проблем. Значи денот ке го помине батеријата со убаво расчепкување. Еве у последно време, 100% наполнет телефон, станувам проверувам мејлче фејсбуче мејсбуче ова она сабајлечки, зборам на телефон. ке ме мрзи да го отворам лап-топот па на тел ке проверам уште катаљарда глупи форуми и слично. ако искочам обично. 3џ користев во охрид кога бев активно. значи со 100% батерија тераше по цел ден плус пуштен хотспот. не зборам 24 саати дека бил на 3џ-то али минимум 6 саати секако. 5-6 саати со џпс возам точак и се троши само 20 посто батерија. ЗНачи тоа мене ми е сосема доволно, има многу подобри ама мене ми е таман. Најлошата рабнота е камерата која ти никогаш нема да ја уклучиш така да тоа не е проблем :)


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3373 на: 18 Август 2014, 19:45:18 pm »
2 дена никој нема да извади со нитуеден смартфон, барем не од тие што се излезени до сега. Јас во просек вадам по 5ч скрин на Нексусов, иако последните неколку пати си рушам рекорди. Еве максимум што сум извадил до сега.
Доста задоволен од батеријата иако некаде прочитав дека имал слаба батерија.(празни муабети само)



Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3374 на: 18 Август 2014, 20:02:36 pm »
За ова потрошњава сега малку ми е чудно, со тоа што на тестот LG G2 кој има 3000mAh батерија и важи за уред со најголема автономија трае: 6:48 минути.



Нексусот вади под 5 часа на истиов тест. M8 навидум нуди највеќе скрин тајм од понудениве.