Ај некој кој има користено телефон Prestigio со 2 картички нека кажи како е задоволен, дали многу се греби екранот дека нема од оние горила заштитите, дали добро работи дека со 2 картички и сл?
Конкретно сум заинтересиран за овај модел http://www.prestigio.com/catalogue/MultiPhones/MultiPhone_5000_Duo.
Вака на хартија добар ми изгледа, а има и 2 години гаранција. Негативности ко шо читав му биле слабата резолуција на екранот и малата внатрешна меморија (512мб), али мене би ми била доволна за разлика од ХТЦ-во шо го имам со 150мб...
Онак ако види нека пиши нешто оти мислам тој имаше купено од оваа марка телефон.
баш овој го користам... и тоа баш бел. со него си доаѓа и една заштитна кутија-футрола...
телефонот е авион.. тера, без проблем и зачудувачки и долго му трае батеријата... пред овој го имав престиџио 4020, со 4,1 екран, батеријата му бепе говна. 1 ден да истера држеше ама без сурфање или чепкање.. ако чепкаш 2-3 саати и чао... на овој престиџио 5000, еве пред некој ден, на базент се дупнав од досада, и околу 6-7 саати активно користење на нет и тоа преку 3Г цело време вклучен и си истера до 20% батеријата до ноќта околу 2 сабајле...
екранот е одличен, не барај хд, ама е одличен... телефонот не се кочи воопшто, не ми се десило да му кликнам нешто и да се размислува макар секунда... опни му 4 или 8 гиги мрмориска и свиркај си... и уште нешто... гласен телефон.. стварно гласен... мрзам телефони кои на максимум ставен рингот а ти едвај да го чуеш...
екранот е ок, како и секој екран, тури му протектор од пазар некој, најди му и ке те тера долго.. јас не му турив протектор, ионака мењам телефони доста брзо, ама па и како шт гледам ок е...
на прво закачување на нет, ке си направи апдејт андроидот сам. фабрички имаш хром, фејсбук, скајп и тн... ке си направи апдејт и на нив... и тоа е тоа, начелно добар телефон...
и уште нешто... откако ке го земеш ако го земеш бел, секој што ке ти го види телефонот ке те праша: самсунг?
