Првични импресии од Galaxy S3 - импресивно

Стварно е голем телефонот, али за пар денои стварно и се навикнуваш на него... Екранот е прекрасен, одлична оштрина и живост на бои, солиден response. Иако му делува евтина пластиката, сепак е квалитетно склопен, без крцкања, мрдања, изместувања итн итн...
Пожелно е да имаш подолги прсти за да можеш сегде да достигнеш, пошто ако имаш чевапчичи ко мене, ќе треба да праиш маневри со дланка и зглобови за да достигнеш кај што ти треба. За жал, не ретко мене ми се случува да стиснам нешто што не треба, со она „подножјето“ на палецот.
Одличен процесор за звук, соодветна гласност на слушалка и на звучник. За жал, слушалките што ги имам (AKG Q350) имаат команди на нив, ама работи само play/pause/next. Не работат копчињата за гласност. Нејсе, на кутијата пишуваше дека се iPod/iPhone/iPad compatible, и стварно се (со понови модели на iPod, пошо со мојот не се

)
Големи радости: - софтверот Samsung Kies сам си ги најде стварите бекапирани со iTunes и фино лепо, ги понуди за синхронизација. Саде мераци!!
- леснотијата со која се наоѓаат апликации малтене за било што
- трансфер на фајлови, пиши/бриши на рандом стварчици... Нешто што со ајФон беше непотребно искомплицирано (поради ненормалната зависност од iTunes).
- одлична, брза камера
- лесен и брз пристап до било кој screen, или како што го крстиле тука - page. Можности за манипулација со истите - прајслес.
- функционалноста на notification center - прајслес.
- интеграцијата со Google и леснотијата на манипулирање со повеќе email акаунти.
- "motion" - манипулирање со ствари преку движење на телефонот или гестикулации на екранот.
Негативности до сега:- можност за излизгување од рака. Чудна работа што Самсунгов со футрола ми се лизга од рака, а ајФонот без футрола ми се лизгаше од рака. Следствено, Самсунгот сега го користам без футрола

- сеуште си имам проблеми со кирилицата иако marjanot се обиде да ми помогне

- веќе успеа еднаш да се углави до момент да треба да вадам батерија за да го ресетирам
- понекогаш му треба време додека да го наполни home screen-от, па седи така празен, само со позадина и иконче за "apps". За многу кратко време ги полни потребните ствари, ама нервира како и да е
- не знам "power saving" дали прави повеќе добро или лошо, и дали воопшто има значајна улога во штедењето на батеријата
- понекогаш несакајќи и непланирано може да се кликнат тач копчињата во долниот дел
Во однос на мојот бивши iPhone 4: - делува како да е полошо и понеквалитетно изработен, поради отсуството на „поегзотични“ материјали.
- Ајфонот поубаво лежи во рака, поради помалите димензии.
- Ајфонот е потежок, што мене повеќе ми се свиѓа, пошто сакам да знам дека имам телефон у џебот, а не да претпоставувам

- Поголемиот екран на Самсунгот почиња злато да си вреди, особено за читање.
- Брзината на Самсунгот е неспоредлива во однос на ајФонот (што рака на срце, воопшто не чуди, имајќи ги предвид процесорите кои ги користат

)
- Ми фали тоа што не можам да контролирам гласност на музика преку командите на слушалките („+“ за ајФон)
- Боите, оштрината и overall квалитетот на екраните кај двата е на врвно ниво
- Лесно можеш да манипулираш со фајлови, да копираш, пребацуваш, бришеш итн итн... Си користи универзален, стандардизиран microUSB приклучок, наместо некоја измишљотина што ти го отежнува животот.
- Самсунгот има можност за проширување на капацитет, преку microSD картичка. Лошо е што нема hot-swapping, односно мора да го исклучиш телефонот за да ја ставиш картичката.
- Се’ на се’, Самсунгот е easier and less complicated to live with на дневна база.
Толку можам да споделам сега за сега, пошто толку ми текнуе у моментов
