
Според најновиот извештај за финансиските резултати за првиот квартал во 2013 година на HTC, резултатите не се баш добри. По лошото работење во втората половина минатата година, HTC се надеваше дека ќе успее да се врати во нормала со One, но проблемите во производството значеа дека компанијата мораше да го одложи претставувањето. До сега One беше лансиран само во три земји.

Нето приходот на HTC во првиот квартал на оваа година беше само 2.8 милиони долари, што е за 98% пад во споредба со истиот период минатата година. Но сепак, подобро барем малку профит отколку загуба, што значи резултатите не се најлоши. Приходите за 1иот квартал во 2013 година беа 1.4 милијарди долари, што е за 37% помалку од истиот период лани.
Аналитичар од Тајван тврди дека 'Недостатокот на делови за HTC One значи загубена продажба во првиот квартал засекогаш, што нема да може да се врати никогаш'. Сепак, тој смета дека HTC One ќе биде претставен пред Samsung Galaxy S4 што е добра шанса за подобри резултати во вториот квартал.
Исто така, треба да биде претставен и Facebook телефонот - HTC First – што е исто така добра можност за заработка.
http://telefoni.mk/news-4590-HTC-so-namalen-profit-za-98-procenti.html