Пред малку купив мемориска картица micro sd Kingston 8 gb, нема класа 10, па земав класа 4, 380 денари.
Јас гледав на страната на анхоч, пишуваше дека и кингстон и вербатим од 8 gb има класа 10, ама ниту од едната, ниту од другата марка немаше класа 10 во лептокарија.
Плус тој таму продавачот нешто ми збореше, незз зашто сите се лупате за класа 10, ја плакате поскапо, а и класа 4 брка работа, како демек за телефон класа 4 била супер, а класа 10 била повеке за ХД видео записи, како тоа он имал класа 4 на неговиот апарат кој снимал во ХД, па немало гајле, дрн дрн.
Сега за сега добро е, отворам апликации и не ми се појавува пораката дека немам доволно простор.