Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1122728 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7380 на: 10 Август 2018, 07:14:13 am »
Сега е најавен Huawei Honor Note 10 кој треба да е фантастичен, за љубители на поголеми смартфони.

Mi8 е одличен, но со само 3400mah батерија и еден звучник.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7381 на: 10 Август 2018, 15:07:14 pm »
Лош звучник, не работи ГПС ко што треба, просечен екран, УЖАС микрофон.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7382 на: 10 Август 2018, 16:30:35 pm »
Дали некој од нас сериозно ќе купи телефон што се вика Pocophone?

Така и мислев.

--

Edit: Гледам дека во Hi Store конечно донеле Mi Box. Барем 4 пати прашав.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7383 на: 10 Август 2018, 16:34:34 pm »
Ретко ужасно име. Дури и Xiaomi пројде пред народ а апла се приметува дека е кинез. Покофон? Кој го смислил, кој ги запустел?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7384 на: 10 Август 2018, 16:39:56 pm »
Ретко ужасно име. Дури и Xiaomi пројде пред народ а апла се приметува дека е кинез. Покофон? Кој го смислил, кој ги запустел?
Има Mi Mix 2S има Mi8 има Black Shark и има сега Pocophone.

Не ми е релевантен Поково зошто со 845 има веќе 3 модела на шаоми. Да језда има пристојна батерија ама ќе видиме. Името е најмал проблем во случајов.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7385 на: 10 Август 2018, 17:25:02 pm »
Ова најверојатно е само за индиски пазар, нема да се продава тука.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7386 на: 10 Август 2018, 17:33:40 pm »
Телефон со премиум цена за индиски пазар, тешко.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7387 на: 10 Август 2018, 17:39:33 pm »
Они се фокусирани на Кина и Индија, ние сме ситна риба.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7388 на: 10 Август 2018, 18:01:40 pm »
Телефон со премиум цена за индиски пазар, тешко.
Овој треба да е најефтин телефон со 845.

Не дека не занима, него онака.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7389 на: 10 Август 2018, 18:58:07 pm »
Телефон со премиум цена за индиски пазар, тешко.
Овој треба да е најефтин телефон со 845.

Не дека не занима, него онака.

ми8 е 28к РС овој се претпоставува дека ќе е 34к РС.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7390 на: 11 Август 2018, 10:29:37 am »
Ова најверојатно е само за индиски пазар, нема да се продава тука.

Sent from my MI 6 using Tapatalk

Ако им текне на нашиве фирми ко Анхоч, АМЦ, Сет да го донесат, ќе го донесат нема закон што ќе ги спречи иако треба да се обврзуваат да имаат сервис во наредните 5 години и резервни делови со супорт вклучувајќи и дополнителна опрема, никој тоа не го почитува. Они имаат теоретски сервис, но за било која ситница ти набиваат цена за да не ти се исплати да го поправиш (затоа што најчесто неможат) во стил на купуваш Тесла таблет од 7000 денари, екран за уредот е 5500 денари.

Од друга страна, ниту еден бренд освен Хуавеи и Ејпл не би ги ставил како квалитетни за цената што ја нудат, од гледна точка и на перформанси најголемото разочарување кај Самсунг го добив кога си купив Ноут 4 со 3 гб рам, само што излезе моделот ко сега да имаш ноут 9, си го платил 800еур надевајќи се дека имаш турбо машина а тач визот трокира, сеуште во експериментална фаза е и имаш едвај 1300 мегабајти слободни рам без ниту една апликација инсталирана. После апдејтот од 4.4.2 на 5.0 телефонот стана толкаво срање што сфатив дека, не е битно колку јака машина купуваш во процесори, рамови туку колку производителот се грижи софтверот да го растерети за машината да работи убаво. Ајфон со 1гб рам подобро лизга и не лагува него самсунзи со по 3/4гб.
Ејпл продаваат само премиум уреди и немаат избор како останатите брендови да купиш алтернатива/лајт верзија за поефтини пари, но пак затоа нудат најмалку 5-7 години апдејти и супорт за уредите, поефтини се за одржување, резервни делови и сума сумарум боље да купиш еден ајфон од 600еур и следните 5 години да си раат него на секоја година ЛГ, ХТЦ или Зте/Алкател. Хуавеи и Ксиоми се покажаа од софтверска гледна точка прилагодливи на хардверот, следејќи го искуството на Ејпл да не ставаат натрупани со глупости јузер интерфејси иако Ксиоми почна последниве пола година да го товари, но ми се допаѓа као лоу буџет бренд што нуди многу повеќе од конкуренцијата, штета што во Македонија имаме 2 дистрибутери и никој нема ни заштитна фолија официлајно за сите модели.
Во мојата работа не ми се допаѓа кога еден бренд прави генерација на уреди као на пример П10 сериите кај Хуавеи и секоја недела излегува по една нова под-верзија или ревизија, пример искочило Мејт 10 и од него направиле Мејт 10 Лајт, Мејт 10+, Мејт 10 Про, Мејт 10 нова, Хуавеи П10 Про, П10 Лајт, П10+ и уредите се направени за една употреба, поради големиот избор намалено е производството на одредениот модел и на кинезите им е потешко да произведуваат дополнителна опрема и резервни делови во големи количини = поскапи резервни делови и недостаток на истите. Друг проблем на кој ќе наидете на лист хартија пишани перформанси а во пракса обратно е и камерите, во последно време поголемиот дел од уредите не верувам да имаат повеќе од 3мпх физичка камера, Хуавеи во соработка со Леика само софтверот го користат за стабилизација и шминка и фала богу бренд лепенка за да се продава подобро, ко порано Нокиа со Цајс што имаше соработка затоа и ќе наидете на уреди со по 2-3 па и 4 камери позади, за да може тие 2-3 мегапикселни леќи да апсорбираат што е повеќе светлина и слика и софтверот да ги обработи во перфекција, така е и со останатите перформанси, па затоа имаат слаб рок на траење новиве уреди, до 2014/15та смарт уредите на ХТЦ, Самсунг и Нокиа беа даунклокувани па по ХДА сите читавме како да му направиш оверклок за да биде побрз, да го оптимизираш софтверот за да се растерети повеќе рам, денес повеќето уреди фабрички се оверклокувани и затоа греат при обична операција као апдејт на апликации.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7391 на: 11 Август 2018, 11:12:15 am »
Мобилните телефони како целина се голем чекор наназад во компјутерските технологии сврзани со самите луѓе. Ограничен екран, ограничена процесирачка моќ, ограничена респонсивност, ограничен простор за интеракција. Нешто што им било јасно дури во 70тите и 80тите во Силициумската долина.

Но, гледано од техничка перспектива и поединечни компоненти, е голем исчекор напред за електрониката и технологиите спакувани во еден уред кој се држи во рака.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7392 на: 11 Август 2018, 14:27:46 pm »
Хуавеи и квалитет :D. Ноте 4 беше тапа на 4.4.4 со кој што изглезе, на 6.0.1 е топ, на кастм ромови уште потоп е сеуште. Тој телефон е првиот андроид телефон што целосно беше среден. А тоа дека имало малце слободен рам, на андроид е подобро да имаш малце слободен рам отколку многу. Земи сега ајфон 6 и ноте 4 да видиш кој телефон едвај работи.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7393 на: 11 Август 2018, 23:10:35 pm »
...дупликат
« Последно менување: 11 Август 2018, 23:17:20 pm Bender »

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7394 на: 11 Август 2018, 23:16:26 pm »
Хуавеи и квалитет :D. Ноте 4 беше тапа на 4.4.4 со кој што изглезе, на 6.0.1 е топ, на кастм ромови уште потоп е сеуште. Тој телефон е првиот андроид телефон што целосно беше среден. А тоа дека имало малце слободен рам, на андроид е подобро да имаш малце слободен рам отколку многу. Земи сега ајфон 6 и ноте 4 да видиш кој телефон едвај работи.
Касно е да ти сликам, ама во сервис имам 27 мртви Ноут 4 примени во последниве 6 недели. Уредите имаат проблеми со Power Managmet IC поради преоптоварување на хардверот поточно претходно споменатите проблеми, оверклокуван е со сток ромот. iPhone 6 ми доаѓа со Nand меморија проблеми, но во поголемиот дел самите корисници се виновни, затоа што сите доаѓаат ко со мотика удрени. Инаку и двата од објективна гледна точка се супер хардвер, со оглед на тоа дека Ноут 4 не добил 4 години апдејт а ајфон 6 добива на секои 3 недели :)

Мобилните телефони како целина се голем чекор наназад во компјутерските технологии сврзани со самите луѓе. Ограничен екран, ограничена процесирачка моќ, ограничена респонсивност, ограничен простор за интеракција. Нешто што им било јасно дури во 70тите и 80тите во Силициумската долина.

Но, гледано од техничка перспектива и поединечни компоненти, е голем исчекор напред за електрониката и технологиите спакувани во еден уред кој се држи во рака.

Мора да се има компромис и да се остави простор и на другите уреди да имаат предност во својата област, инаку постојат таблети на Windows RT кои целосно заменуваат компјутер. Phableti-те заменуваат мобилен и таблет, таблетите заменуваат компјутери за поедноставни операции како дизајн, музика, текстови и тролање ко во моментов, па дури во бизнис сферата за водење евиденција, комуникација помеѓу вработени, колеги и соработници. Најголема предност кај таблетите е компактноста со издржливоста на батеријата, посебно кај Самсунг и Ејпл премиум уредите вклучувајќи и Асус Трансформерите.
Никогаш ништо во целост неможе да се замени во ниту една сфера од животот, еве компакт сув сакаат да заменат џип и хечбек автомобил, да направат ол терен возило кое ќе е фино за возење и паркирање во град, но ѕвер на планина и лош терен па компромисот е да имаат од се по малку, но во случај ако бараш комфорт - треба да земеш лимузина, ако бараш багаж ван/комби, ако бараш реален теренец џип. Така е и со технологијата или ќе се изнафрлаш пари доколку сакаш секој уред професионално да си ја брка работата или ќе правиш компромис, па наместо да работиш на премиум компјутер графички дизајн, ќе трокираш на некој таблет со графичка од 64мб оверклокната до 102.7% шо би рекол Амди. :)