Ова најверојатно е само за индиски пазар, нема да се продава тука.
Sent from my MI 6 using Tapatalk
Ако им текне на нашиве фирми ко Анхоч, АМЦ, Сет да го донесат, ќе го донесат нема закон што ќе ги спречи иако треба да се обврзуваат да имаат сервис во наредните 5 години и резервни делови со супорт вклучувајќи и дополнителна опрема, никој тоа не го почитува. Они имаат теоретски сервис, но за било која ситница ти набиваат цена за да не ти се исплати да го поправиш (затоа што најчесто неможат) во стил на купуваш Тесла таблет од 7000 денари, екран за уредот е 5500 денари.
Од друга страна, ниту еден бренд освен Хуавеи и Ејпл не би ги ставил како квалитетни за цената што ја нудат, од гледна точка и на перформанси најголемото разочарување кај Самсунг го добив кога си купив Ноут 4 со 3 гб рам, само што излезе моделот ко сега да имаш ноут 9, си го платил 800еур надевајќи се дека имаш турбо машина а тач визот трокира, сеуште во експериментална фаза е и имаш едвај 1300 мегабајти слободни рам без ниту една апликација инсталирана. После апдејтот од 4.4.2 на 5.0 телефонот стана толкаво срање што сфатив дека, не е битно колку јака машина купуваш во процесори, рамови туку колку производителот се грижи софтверот да го растерети за машината да работи убаво. Ајфон со 1гб рам подобро лизга и не лагува него самсунзи со по 3/4гб.
Ејпл продаваат само премиум уреди и немаат избор како останатите брендови да купиш алтернатива/лајт верзија за поефтини пари, но пак затоа нудат најмалку 5-7 години апдејти и супорт за уредите, поефтини се за одржување, резервни делови и сума сумарум боље да купиш еден ајфон од 600еур и следните 5 години да си раат него на секоја година ЛГ, ХТЦ или Зте/Алкател. Хуавеи и Ксиоми се покажаа од софтверска гледна точка прилагодливи на хардверот, следејќи го искуството на Ејпл да не ставаат натрупани со глупости јузер интерфејси иако Ксиоми почна последниве пола година да го товари, но ми се допаѓа као лоу буџет бренд што нуди многу повеќе од конкуренцијата, штета што во Македонија имаме 2 дистрибутери и никој нема ни заштитна фолија официлајно за сите модели.
Во мојата работа не ми се допаѓа кога еден бренд прави генерација на уреди као на пример П10 сериите кај Хуавеи и секоја недела излегува по една нова под-верзија или ревизија, пример искочило Мејт 10 и од него направиле Мејт 10 Лајт, Мејт 10+, Мејт 10 Про, Мејт 10 нова, Хуавеи П10 Про, П10 Лајт, П10+ и уредите се направени за една употреба, поради големиот избор намалено е производството на одредениот модел и на кинезите им е потешко да произведуваат дополнителна опрема и резервни делови во големи количини = поскапи резервни делови и недостаток на истите. Друг проблем на кој ќе наидете на лист хартија пишани перформанси а во пракса обратно е и камерите, во последно време поголемиот дел од уредите не верувам да имаат повеќе од 3мпх физичка камера, Хуавеи во соработка со Леика само софтверот го користат за стабилизација и шминка и фала богу бренд лепенка за да се продава подобро, ко порано Нокиа со Цајс што имаше соработка затоа и ќе наидете на уреди со по 2-3 па и 4 камери позади, за да може тие 2-3 мегапикселни леќи да апсорбираат што е повеќе светлина и слика и софтверот да ги обработи во перфекција, така е и со останатите перформанси, па затоа имаат слаб рок на траење новиве уреди, до 2014/15та смарт уредите на ХТЦ, Самсунг и Нокиа беа даунклокувани па по ХДА сите читавме како да му направиш оверклок за да биде побрз, да го оптимизираш софтверот за да се растерети повеќе рам, денес повеќето уреди фабрички се оверклокувани и затоа греат при обична операција као апдејт на апликации.